Направи сам (украси за ѕид) Јас вчера мојот вака го ишарав и сеа не ми се свиѓа ама ич !! Вие што мислите ?
Направи сам (украси за ѕид) Тоа си стоеше од пред да го ишарам и не го извадив . Иначе сеа ке му напраам remove !!
Направи сам (украси за ѕид) Мене не ми се свиѓа си можела нешто вака: Спојлер јас планирам да си ги цртам врапчињата на гранка одма до прозорот, многу ми се свиѓаат
Направи сам (украси за ѕид) И јас ке пробам да изведам нешто со мојот ѕид,паа да видиме што ќе испадни..Инаку баш ме зачуди кога рече со темперна,морам и јас да пробам така,ме инспирираше Тинушка!....Хехе...
Направи сам (украси за ѕид) мене ми се бендисва баш е на уникатен начин не мора да биде перфектно баш ми е вака поубаво. само со мечето не ме бендисува и можеш пример уште едно црвено цветче да ставиш
Направи сам (украси за ѕид) Пробајте прво со црна изолир трака - па ако не чини можете во секој момент да ја одлепите, што не е случај со темптерните бои
Направи сам (украси за ѕид) Ако направам со таква лента кога ке сакам да ја извадам нема да се лупи ѕидот или да остава траги?
Направи сам (украси за ѕид) Па сега, тоа зависи од ѕидот, каков е, не можам да кажам дали ќе се лупи или не, ама во секој случај е многу “побезболно“ од темперните бои, а поубаво изгледа. Го има во железари и такви продавници, а можеби го имате и дома, прашајте ги татковците/дедовците
Направи сам (украси за ѕид) Со обична хартија во боја сечена на ленти и лепило и мноогу прецизност, креативност и нерви
Направи сам (украси за ѕид) Браво Mameha!.....Едно гоооолемо браво до тебе...Како имаше нерви...Инаку навистина е прекрасно!
Направи сам (украси за ѕид) Јас кога сакав да лепам постери под влијание на брат ми ги лепев со креп трака, ја користат молерите најчесто за означување граници. Уствари тоа е тенка леплива хартија која најмалку може да го оштети ѕидот т.е. бојата на ѕидот, а не се одлепува лесно од топлина и слични варијации на температура. Еве вака изгледа и може да се најде во сите продавници за бои и лакови. Нормално треба полека и нежно да се одлепува, но најмалку штети. Изолиров јас не би ви го препорачала, слаб лепак има т.е. брзо се одлепува зошто всушност и самата намена му е за изолација на кабли и жици, а додека ова креп тракава е наменета за ѕидни површини. Може на пример да земете подебела некои 3-4 cm да ја залепите на ѕид, а потоа со скалпер полека без да го оштетите ѕидот да ја сечете во посакувани форми и облици. А зошто е хартиена потоа може лесно да се обои со секаков вид боици, препорачувам темперни или евентуално пигменти кои молерите ги користат за мешање бои (ги има во мали шишенца во продавници за бои и лакови ). Доколку не ви се допадне, или ви здосади тој дизајн, фатете го крајот и одлепете нежно, нема да има никакви негативни последици врз ѕидот.