@Lady Phoenix те тагнувам оти си многу креативна и оти знам дека имаш искуство со виткне подароци а мене ми треба совет/идеjа околу тоа Се ближи роденденот на дечко ми па му купив рачен саат спакуван во обична метална кутиjа, мене кутиjaта ич не ме бендисува па купив светло плава украсна кутиjа (немав некоj избор затоа земав таква ) Кутиjaта е малку подлабока и за 2-3см поширока од кутиjaта од саатот, па саатот "шета" кога ке го ставам внатре Ми треба совет/идеja со што да потполнам кутиjaта, така ептен грдо ми делува.
Чадорче, има три опции: 1. Прво ако не ти е проблем, дали би можела да ставиш слика од оригиналната кутија на часовникот (или можеби во ЛП да ми ја ставиш)? Ова е за да видам чисто информативно дали можеби може нешто од неа да се искористи. 2. Вторава кутија можеш само во домашни услови да ја модифицираш, од типот, да сошиеш перниче за саатот, со тоа што ќе го пополниш внатре со памук само во тие 2-3 cm што ти фалат, а средината ќе биде празна (ако ме разбра). 3. Трета опција е да купиш „квадратна“ кутија, за која ќе сошиеш вистинско перниче околу кое ќе го закопчаш саатот, како што би го закопчала на рака. И ќе изгледа еве вака: Или кутија во кутија планираш да пакуваш? Се збунив и јас малку. (Во тој случај, можеш краевите помеѓу двете кутии и под помалата да ги пополниш со оние новогодишни бушави за на елка во сина боја, на пример, таман декември е месец на празници.)
Два линка од ракотворби што можеби ќе ви се најдат: https://www.facebook.com/Hobby-Craft-Art-Galery-931501543609993/?fref=ts https://www.facebook.com/kartichka.mk/?fref=ts
Сакам да си направам свеќа, најдов на интернет како се прави, но не знам каде да купам восок и фитил. Епа девојки ако знаете од каде можам да набавам такви работи може да ми помогнете , ќе ви бидам благодарна http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/kako-da-napravite-chokoladna-svekja/ http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18494-napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija
Свеќи ќе си купиш обични (има и во боја) во најобична продавница или маркет. Би требало да се по 10-20 денари максимум. Ќе земеш некое старо ѓезве или лонче и ќе ги стопиш. Фитилот ќе си го искористиш колку ти треба, а восокот стопен ќе си го ставиш во калап. П.С. Топи го восокот некаде надвор оти мириса и чади.
Период на подароци. Не го менувам фазонот. Ми се покажа како многу интересен, а освен тоа после сите си ги користат цветовиве како украс.
Да прашам дали некој знае како на македонски се вика лепакот Mod podge, како бел лепак е течен, и кога се суши станува проѕирен, гледам на јутуб има многу туторијали со ваков лепак кој велат дека е баш за украси и такви работи.