Нешто практично. Поспецифичен сет чаши, сервис за јадење... Плус вино/бонбониера. Барем ние така сме носеле.
Имавме проект "направи сам" со мајка ми што си го зададовме. Да смениме малку изглед во градината. Материјалите се од постелнини, шиевме на машина, а 4-тата страна на перничињата ја шиев на рака. Целосна слика од дворот во некоја друга тема, кога ќе го досредиме.
Одушевена сум. Многу почитувам -направи сам. Горново е преубаво, делува топло и ме асоцира на скрстени нозе под задник, кафе и цигара и муабет. Нирвана.
Браво секоја чест за креативноста и трудот. Ако нешто обожавам и почитувам најмногу тоа се проектите направи сам!!! Прекрасно и чекам слика од целата градина
Здосадив веќе со ваквиве цветови од хартија. Да земам плата, да си купам материјали и ќе почнам поинаку малку да пакувам. Да сменам.
Не знаев во која тема да оди ова бидејќи не е украс за ѕид, ама е и друго, па ајде овде. Масичката е од палети. Столовите се од едни стари, прастари фотелји што порано ги имаше во секоја куќа. По рачките се познава на кои мислам. Тапацирот е отстранет, па дечко ми само нарача штички и ги направи убави дрвени столови. И 'четворосетчето' го направи тој. Ни фалат плочки на терасата и фасада, ама неврмајнд, пак е најубо. Спојлер: .
@LivingGlam фантастично ви е гарнитурчево за во двор. Еве го нашето последно "направи сам". Ги "тапациравме" фотркјите со нов мебел штоф. Многу е светол некако на сликиве, речиси бел делува, а всушност е некоја ванила боја. И перничињата сами ги правевме.
@LivingGlam Спојлер Како што ми се гледа, ваква е масичката? Е сега ако е од вакви дрвени гајби правена, ај кажими од каде ги набавивте. Јас се мислев од јаболка некој што продава да побарам, ама незнам дали се доволно цврсти.
Таква е, горе сум напишала палети зашто со тоа се занимавав во моментот. Ги купи од некој човек, едвај го наговори да му продаде. Не ги даваат инаку, а нови не знам каде се купуваат.
^ Многу ви е убава цела гарнитура. Те прашувам за гајбите бидејќи сакав нешто вака да си направам Спојлер и затоа те прашувам. Си мислев од некој што продава јаболки или некое друго овошје, ама си мислам не се многу цврсти. @LivingGlam
Доволно се цврсти @Dgirlll, ако имаш некој слободно барај му. И овие беа од човек со јаболка колку што се сеќавам, само што даде понови. Извини вчера што го испуштив тој дел во одговорот, набрзина отворив тука.