Здраво девојки, не знам дали сум на правата тема еднаш прашав на една и никој не ми одговори. Гледам вие прилично се разбирате во арт, па дали можеби некоја од вас од Скопје знае каде можам да урамам слика и постер прилично големи за нормална цена?
Здраво женски, сакам сама да направам свадбено венче за на врата. Па ќе може ли да ми каже некој што треба за основата? Како се прицврстуваат цветовите, се лепат со силикон или се врзуваат некако? Вака нешто, како правите на сликава
Извини касно пишам. Сликите се од календар, само ги исеков и ги залепив на рамки ( за canvas painting ), и ги закачив. Последно ова го направив. Имаше друг текст, го исфарбав бел, го испечатив Coffee и го залепив.
Мислам дека темава треба да се премести во подфорумот за уметност. Или може да отвориме нова тема "crafting" ако има заинтересирани за постирање.