6 години Висок 120см Тежина намали 25кг, 25 и на 4 год беше. Ама ништо не јади, само еурокрем, стек, тост....
Добар е, има период каде што стагнираат во кг, така ми кажа матичната. За утеха, мојот е 18 кг на 118 цм. А јаде
Здраво ,дали висината на ќерка ми треба да ме загрижува?Има 5 години и 11 месеци висина 102 см кила 14.5 прилично е слабичка и ситна.Фамилијарно не сме високи јас сум 157 ,мајка ми,свекрва ми ,баба ми се ниски луѓе по 150см. Се надевам дека е наследно,но сепак нешто ме копка?
I I kjerka mi e 5 godini I 6 meseci visoka e 105 cm , tezina 20 kg.Jas sum 160 cm no majka mi e moze 155 , tatko I isto e nizok mislam deka toa e genetskiji kaj nasite deca .
Здраво мајки. Ќеркичката беше со температура 6 дена, малаксана, без апетит, мала кашлица, неколку пати дијареа. Дури од вчера после повеќе од 10 дена таа јадеше како што треба. Ме исплаши што паднала малку на килажа, 500-600грама. Дали е нормално вака?
Зборете со педијатар ако сте загрижени, има тест се прави на ендокринологија за висина. Јас имам друг проблем, моето дете е многу високо , има 5години, сите мислат 8/9 дека има. Ми рекоа генетика, ние сме високи, ама како и да е, се грижиме секако. Ниски, високи, крупни, ситни, секако му се се секираш. 138cm висина, 36 кила, патики 35. Директ во трето ќе го запишам
5 и пол год. Висина 106 см Тежина 18 кг 26-27 бр чевли Најмала е секаде. Таа сеуште е мојата палчица откако е зачната. Искрено се плашев, ја однесовме на ендокринологија во Скопје и после прегледот испадна само 2 см да отстапува од мојата и висината на татко и. Др ни рече нема место за паника и не влегува во рамките за други испитувања или хормон за раст.
Фала Богу што не испаднало да има потреба од хормон за раст.И јас сакав мојот да го носам,ама тешко се наоѓа упат за ендокринолог.Можеш ли да ми кажеш кај кој др. бевте?
Да тешко се наоѓа, ние ептен среќа имавме, откажан термин фативме. Кај Др Шукарева Елена одиме. Сега сме на контрола. Многу фина и спремна Др