Секое дете приказна за себе. Еве друг пример да ти кажам. Кај нас во маало има девојче 3 години и 7 месеци. Детето јаде се, тешко е 13 кг и високо е едвај 100 цм. Инаку си е здраво, право, се океј.
Море и коски има што им тежат повеќе, плус поголеми градби и повисоки. Имаме другарка 22кг скоро има, исто високи се по 105/106 со синко, и не изгледа воопшто дека е 5кг скоро потешка од него, еден до друг исти се Дури не ми се веруваше дека толку тежи, ама ја кренав да мочка и видов колку стварно е потешка, плус се мереа со синко на вагата дома Инаку он е 3+, она 4+. Јас 22кг имав во 1во одд
Инаку го мереа на лекар денеска, 3г и 3м, тежина: 17.300. Висина не можеа, не сакаше.. но тука некаде е околу 106цм.
@chocolade не се секирај и јас се исфрапирав со кг ама не се замарам,мојава е од скоро инаку 15 кг беше наназад со месеци,висина немам скоро мерено ,ама извисочена ми стои до кај 100 см има сигурно. Плус тоа јас и ти сме ситни градби ,на кого сакаш да бидат .
Хаха не сме толку ситни има и поситни. Јас и ти сме си таман Не ни очекувам да биде повеќе, кога е како црвче и не знае ни секунда да застане
Епа да де,за активни деца нормално дека ќе бидат соленки хахах,и мојава не седнува цел ден,некогаш и велам добро нели те болат нозете ,погоре не сум пишала дека сега е 16 кг,а инаку беше 15 скоро цела година
Тука сме и ние негде 15-16. Има периоди таман ќе ја приметам дека малку пуштила образи, оп за кратко време пак ми е тенка. Но приметувам па и во висина се извишува, затоа и се “тенчи“
Ќерка ми е 15кг, висока 102 отприлика, дома ја мерам па може и не е толку прецизно. Инаку и јас сум била 22кг во прво одделение
Големиот на седум години има 18 кг. Две години, може и повеќе не е мрднат од таа килажа. Ама оди во висина, сега е скоро 120 см. Не се замарај со килажа, додека детето е здраво право и си јаде се што треба и како што треба.
Отприлика кој број обувки носат девојчиња од 3 години? мојата од зимата уште носи 23-24 Изгледа има мало стапало. Инаку висока е 95-100 ( не сед мирна да ја измерам) тежина 15 кг
Не дека не мрдаат сите, моево не мрда. Не се сите деца исти, не сите качуваат исто на килажа. Едно време се замарав, после баталив. Најбитно е детето да е здраво, право и активно. Има кога да се дебелее.
Во право си. Ке дојде ден кога можда на диети ке се ставаат Мене ми е најбитно да јаде здраво и да е здрава. Реално и нема од што да се дебелее. На здрава исхрана сме повеќе. Се обидувам да и створам таква навика..И јас сама внимавам на исхрана
Мислам дека килажата не е мерило дали детето е ОК или не. Ние имаме 20 кг на 105 висина и на 3,5 години Дебељуцка Има бутчиња, ама ако ја погледнам конструкцијата на сестра и, тогаш веднаш ти станува јасно дека тоа е ген и нема спас. Немам намера да и спроведувам диета. Детето си е ,,јешливо,, Луѓето мака мачат со деца кои не јадат и се слабокрвни, јас пак да не и давам храна ми е жал.И во градинка воспитачките ми кажуваат дека си јаде, па и си бара ре-пе-те Два пати годишно на своја иницијатива во Авицена правам крвна слика колку да видам до каде сме стасале. П.С. И јас како малечка сум била буцка па цел живот бев 60 кг
Moeto e 5 i pol godini i od Januari pa navaka ima pridadeno 1 kg, bese 15 koga go merese pedijatar za da go zapiseme vo gradinka i sega pred nekoe vreme go merev na mnogu vagi i gore dole isto kazyvaat site okolu 800-1000 gr pokazuvaat vagite. Ima 16 kg sega i toa srekja sto pocna da jade tamu so decata inaku nemase ni toa kilo da go stavi za 5-6 meseci. Strasno, tolku mnogu me nervira so toa jadenje, znaci zivci nemam vekje. Vo gradinka site jadenja pocna da gi jade i gi jade, nekogas duri i 2 porcii jade, doma istoto go pravam za rucek i ne jade, site jadenja se bljak. Dobro vikam, tolku li ubavo gotvat tamu pa jades se, a doma nisto, vika ne e ubavo ama moram da jadam, oti ucitelkata kje ni se kara. Vojna vodine za toa jadenje uste......
И ќерка ми на 3 год. носеше 23-24. 3 години наполни во јуни, сандалите што ги носеше летото беа 23, па есента купивме патики 24. Оваа година сменивме два броја, сеуште носи сандали 25, но патики 26.
Не е твоето дебељуцка туку моето 1 година и 7 месеци а има 18 кг. Висока е 87 цм. Додуша оваа килажа ја има од 1 година и тука стагнира еве 7 месеци како нема придадено ни грам . Инаку гурманче е сака да проба од се по малку хаха. За разлика од сестра и која несакаше да јаде а и ден денес мака мачиме со изборот на јадење со ова нема проблем . Незнам дали да се радувам или да плачам хаха. Само нека се здрави и живи другото не е битно