Знае и мојов да зеза, ама никогаш ме сме скокнале скроз оброк. Ако на пример малку ми касне за доручек или ручек, давам после некое време некоја ужинка, па пак ужинка, па следен оброк. Сега и машала си има апетит, ама и многу е извишен во висина, воопшто не изгледа дебелко.
3г и 11м: 22.300, 111цм Како 5,6 годишно детенце е, алиштата му се 5-6 па дури и 7 му имам купено и точно му е
Море мислам више е од тоа, јас го мерев на стикерот што ми е залепен во соба, а мислам ми бега некој цм тој Ке го измерам со метро посигурно
Лелее мене сега паника ме фати, ако го споредам моево дете со вашите. Моево како од Етиопија излезено да е ќе биде. На 3 години 9 месеци е околу 100цм (не знам точно колку се ми мрда) и има само 15,3 кила. Во последно време ич не ни има апетит. Јадеше се супер и последниве неколку месеци нагло се смени. почна да пребира и количински ептен малку јаде. Вака е пргав, растрчам раззборен и не сака да троши време на јадење.
За таа висина си е таман, доста улога има и висината.. не споредувај со повисоки деца од иста возраст, гледај слична висина.. тука некаде се сите така. Не е слабичко, туку не е високо детенцето
Висината му е на 50 перцентил според табелата што ја имам. Тежината до пред некои време му беше исто на 50 перцентил, сега гледам за возраста е помеѓу 25 и 50 перцентил. Ај ваљда ќе пројаде па ќе се врати на „нормала“.
Син ми па , само стапала е на него . Во висина ми е до под градите ( имајте предвид дека не сум многу висока ) некаде 110 см е , тежина околу 15-20 кг . Не сме се мереле има месец дена , ама гледам стапалата многу му пораснале . Патики 31 носи. Да не е многу тоа за дете од 5 години и 5 месеци ?
Мислам дека му одговараат на висината синко е 3години и два месеци 105.5цм и носи 29ипол, стапалото му расти со брзина на светлината веќе се жали дека патиките го стегаат а месец дена како ги купивме. Сметам дека нема место за паника јас сум 175, а мм 195цм висок сепак е наследно
Синко 4 год и 4 месеци е 113 цм висина и 24.5 кг. Мора малце да го ставам на режим иако тежинава му стои подолг период, сега оди во висина. За стапало да не праиме муабет.. Во моментов носи патики 30ка и му купив зимски 31