Повеќе им верувам на оние во Автокоманда за висината, како ја оптегна на тоа древеното масиче (за тежина не им верувам... зашто ја мереа со се боди, тетра пелена на оние стари ваги со тегови). Ако најдам метро после ке си ја измерам и сама
Мојов бумбар веќе е 6кг а во должина послабо расте,само се шири... Не верувам повеќе од 1цм да е за овие 20дена.. Комбинирано се храни И цице и Аптамил... Не знам веќе дали е многу? Сепак висина нема...
7500 - 4,5 месеци По колку напреднуваат бебињата во 4 , 5 , 6 месец? Само 300 грама за две недели, нормално е нели?
Ние бевме на контрола вчера 10 месеци и една недела и тежина и должина се исти како во 9 месец бебе ич не напреднало Докторката вика дека не е ништо страшно, јас пак мислам додека беше болен синко ослабе доста, а периодов убаво си јаде па си ја вратил тежината
Мојава толку за 1 месец напредна. Уствари 450 за 1 месец напреднала сега видов. Нормално е сега помалку да качуваат.
Многу голема веројатност да не е измерено убаво во должина. Ако е дигитална вагата, на 9+ веќе мрдаат и не седат мирни што значи и грамажата ( сигурно примети бројките како луди иделе горе-доле ) па ни кг не се релевантни. Измери го дома сама на вага ако имаш. Застани со бебе во раце ( само со пелена нека е ) , па после застани ти сама. Ќе одземеш од кг и ќе видиш колку е тешко бебе. Јас вака го мерам секој месец. За должина пробај сама дома измери.
И ние стагнираме со килажа. За еден месец ништо нема качено, а во должина е 3цм порасната. Мене Докторката ми кажа дека во тие месеци нормално е да стагнира малку.