7 месеци и 12 дена 8800 , должина 73 см.За приближно 1 месец качил само 200 грама.Дали е нормално.Мене некако малку ми изгледа.По колку треба да качуваат овој период.
Одлично е, по толку и ,,треба,, од 150-500г качуваат тој период, односно од 5ти па нагоре е таа граница Да пишам и јас за бебе 8м + 8дена - 9.600г - 77см
Роден 2300гр - 45см Испуштени 2160гр 14 дена по раѓање 2430гр Еден месец 3070гр -50см Втор месец 3980гр Три месеци и 19 дена 4970гр -59см Четири месеци и една недела - 5500гр Шест месеци - 6180гр, 63.5см Шест месеци и 16дена - 6480гр Нормално е, и јас кога ја видов кг на бебуш мислев малку е.. Ама толку ставале понатаму..
Качил 600 гр за месец Недела и пол пред1 ви роденден 9.800 гр,80 цм (мислам да е подолг, сестра од друг оддел го мереше)
3150 - родилна 2800 - испишани од болница 4250 - прв месец 5500 - втор месец 6550 - трет месец 7200 - четврт месец 7800 - петти месец 8200 - шести месец 8350 - шест ипол месеци
Јас не знам мојава нејадачка како става килажа. Само цица и кака ко новороденче. 8 месеци 74 см 9150 гр.
Родено 50 см и 3180гр од болница не испуштија со 3070гр сега на 38 ден од раѓање бебе има 54 см и 4980гр. Денес полни 2 месеци и 1 ден на контрола бебе е супер , тежина - 6030 гр (скроз голо без памперс и боди) и високо 56 см . 3 месец 6620гр и 59 см 3 месеци и 21 ден 6680 гр 60 см (Болно беше бебе)
Имаше габична инфекција и афти во грлото па качи температура 4 дена ни горе ни доле се исто 38,9 со се и сешто пробавме не се симнуваше , па ставив Нистатин за инфекцијата во усте и сабајлето како со опекотини по цело тело се разбуди , по лекари натака навака и бебе алергично на Нистатин испадна исто како и браќата негови па инекции примаше и сега при себе си дојде ...
Здраво, да ве прашам за колку време ја направивте првата контрола на педијатар после отпуст од болница? Цело време сум загрижена дали млекото ми е слабо или не, вчера направивме една недела, додуша после секое јадење си подждригнува, кака и се тоа ама цело време ме фаќа страв, плус на секој плач на бебе свекрва ми одма ппаничи да не е гладно и одма советува да му дадам ад а јас не сакам зошто пред 3 дена конечно се научивме правилно да цицаме.
Што па стариве толку за ад?! Секое плачење не е од глад. Може да го носиш на мерење. Јас бев 3 дена по излегување од болница и после секоја недела.
Можеш да го однесеш бебето на мерење. А ако плаче ќе му дадеш цице да се смири.Не плаче секогаш од глад. А за ад ќе те советува педијатар,не свекрвата.
Леле нерви корнам. Ај некако се разбравме дека ад не му давам ако нема потреба, сеа наредно е а малце заплаче одма цуцла пошо ќе му отече курето. Викам куре нема да отече ако поплаче 5минути. Абе колку е од помош, толку и одмага ама тоа ти е, битно на крај ми се слуша зборот
Стариве се напаст жив! Нема кој не го минал периодот во кој секој еден се дрзнувал да каже дека бебе е гладно ако плаче или дека мајката нема млеко, па од прашањето ,,имаш ли млеко,, аман! Мој совет батали вакви глупости, посветисе само на бебе, следи дали влече/голта, нуди града на 2-3ч, следи полни пелени, носи го често на мерење, а можеш и дома на кујнска вага да го мериш.. Бебе не плачи само од глад, плаче и од грчеви и што бара близина. За цуцла е твој избор дали ќе даваш или не, сама одлучи дали ви е потребна.
2 месеци 5490кг. 59см. Прашање: можно е во 1 месец бебе да се издолжи цели 7см. Или грешно ми ја измерија денес на преглед?
Родилна: 3800гр 51цм Испис: 3630гр 1 месец и 5 дена: 4250гр, 54цм 2 месеци и 3дена: 4990гр, 57цм За два дена 3 месеци: 5600, 59цм 3 месеци и 16 дена: 5830. 4 месеци точно: 6100гр. 4 месеци и 19 дена: 6540гр. 4 месеци и 23 дена: 6600гр. 63цм 6 месеци без 1 ден: 7300гр. 68цм 6 месеци и 28 дена: 8050гр, 68цм 8 месеци и 8 дена: 8780гр 9 месеци и 7 дена: 9130гр, 73цм @ane.bella може и минатиот пат да не била убаво измерена, а може и сега да утнале.