7+ 6400gr 70cm @Girly90 може има грчеви малото. Затоа може плаче. Не плачат бебињата само од глад. Еве мојава плаче и кога и е жешко, склетчика е ептен. Тоа оти во Шведска е правена
Веројатно. И кај моето имаше утка при раѓање. Ги имаа измерено 50цм , а на месец 59. Дома си го премерив и толку беше 59, очигледно грешно е мерен при раѓање.
Родена 3.690 кг 50 цм 2 недели 4 кг 6 недели 4.71 кг 55 цм 10 недели 5.240 кг 58 цм Ми рекоа денеска дека не напредува доволно. Морало да и давам повеќе дохрана. Совет?
Сличен напредок имавме (на 2м и неколку дена имаше 4990, 3800 родилна) и тоа ад плус пиеше. Плус ад и никогаш не стави повеќе од 600гр првите месеци. Според висината има океј тежина твојата. Тебе ти изгледа гладна?
Не изгледа гладна. Кога и правам сише со 150мл, она ќе испие околу 120-130 мл. Ама проблемот кај неа е што многу некако ми повраќа отпослем.
Роден е 2900гр 50цм пуштен од болница со 2770гр после 4дена 2900гр, бевме на вакцина не вратија многу бил мал не качувал на килажа и јас од памет извадена а најаден е се познава правец матична тој за 6 дена 400гр придадел 3300 бевме минатиот петок, колку само не им се точни вагите само стресови да ни прават..е сега прашањето ми е колку често ги меревте во првите месеци?
Првиот месец ипол до два мислам на две недели. После на месец дена. На иста вага да е, оти сите се различни. А 100-200гр значат многу кај бебе.
5 дена пред полни 11 месеци- 8.700гр. 300гр за месец и пол. Мене ми стое малку, докторката вика супер е
Супер е 300г за 1.5м, по нашава матична се што е над 150г за еден месец е супер, истото и ортопедот ми го кажа
И докторката вика дека си е напредна, она секако и помала се роди. Во последно време слабо јаде она што ќе и го зготвам, повеќе сака од нашето да јаде. А и Хгб малку и е паднат 105 е, докторката вели штом е над 100 добро е. Ќе пробам сега со храна да го појачаме
* 19 март (29+4 недела) - РТ: 1310гр. * 4 април (после интензивна - на неонатологија): 1280гр. * 4 мај (доаѓање домче): 1770гр. * 18 мај: 2360гр. * 19 јуни: 3330гр. * 18 јули: 4440гр. * 14 август (5 месеца без 5 дена, ~11 недели корегирана): 5350 гр. (со пелена)
Хаха.. јаче е од мене. Реков на матичната дека сменил сега 5 оброци јаде по 140-150мл, вика добро е на жешково колку сакаш да ти јаде, денешната крвна слика му е добра, се мислеше дури дали да му се укинат капките железо, 12 хемоглобин. Рече ај за месец кога ќе одиме на неонатологија ќе речат, плус тогаш муабет за кога и дали да се почне со вкусови пробување за почеток.
Родилна т:2800 Испис:2650 Прва недела:2680 Втора недела:2730 Трета недела:3250 Мама е најсреќна денес