Уште малку полни 8м влагаме во 9ти 6750гр и 70цм Да се депресирам ли за килажата? Докторката рече да почнам повеќе на бисквити и житарки за да крене килажа. Родилна 2400
Последен месец има само 100 грама плус... беше настината слабо јадеше... лекар вика ок е нормално 6+ сме... што мислите од млекото качуваат повеќе на килаж или кашички што да форсирам?
Бисквити без шеќер, житарки и повеќе млеко. Од тоа се качувало на килажа. Да форсирам повеќе тоа и за 2 недели контрола. Ајде ќе видиме. Не планирам да давам бисквити ама ќе појачам на житарки и млеко.
Мајче за до душа мојава е повисока,повеќе се издолжува, јас не сум воопшто загрижена. Мислам дека малата си е таман.
Таа вака е таман, жива е многу. Плус и генетика игра улога, од на мм страната јадат како дупнати вреќи, а слаби се сите мме . Она е на нивната сорта. Нека е само здрава, кс и е перфект, друго се ќе си дојде на свое место.
И мојава многу е жива. Цица и со нозете цело време клоца а со рацете плеска по града(ама се изразив) Ја шетам во раце се движи како да трча, и со раце и со нозе. Спие и се превртува низ цела спална. Значи секунда не застанува. Еве јас јадам и по 3/4 пати а кожа и коски сум.
И ние исто не престанува да мрда со нозе освен за спиење и баш кажав на лекар и ми вика тоа нема врска со тежината Мислам дека треба млеко да се форсира повеќе мене ми рекоа да ставам млеко и во кашите
Скоро читав, за да качува на килажа се додавало житарици во ручекот, скроб (пченица, пченка, рж, ориз, јачмен, компир) + месо. Ако најдам што читав ќе постирам или побарај.. Со бисквити не ќе накачи килажа, форсирај житарици и за доручек/вечера
И синко мој 4400 роден, на 6м не дуплираше... Поголемите не дуплираат некогаш, а малите па тродуплираат, додека се здрави и среќни ич да не се сеќирате
8550 - седум ипол месеци Мојава бебка овие две недели намалила 100гр. Некаде грешам, ама каде?!?! Јаде три пати во ден(по 120 - 200гр) , цица меѓу оброците, а навечер ми се буди најчесто досега и цица. Излегуваат забчиња , кенкава е и нервозна ама си јаде.Јас дури и задоволна сум од тоа колку си јаде ама наместо да качува на килажа она намалила. Каде грешам?!?!
Мерена вчера, на месец ипол (46 дена): Тешка 4кг и 20 грама Долга 57см Одличен контакт со околина, супер движења на раце - нозе. Напреднала таман. За 3 недели сме на контрола пак. Јухуу нема да паѓам во несвест, детето си има своја прогресија и си полни пелени редовно.