4 месец сме . 7.600 имаме Минатиот месец беше 6.300 дали е добро ? или лошо и на доење и на дохрана ми е ..
И повеќе од доволно е, 1300г напредок во 4 месец е дури и многу, може треба да намалиш со дохраната или да пробаш само на доење.
мајки, на колку полни месеци треба да биде дуплирана родилната тежина...бидејки според некој на 5 некој 6...ваше искуство.. благодарам
На 6м, на 12 тродуплирано треба да имаат. Но кај помали родени и поголеми родени не е така. Кај мене родени се 3800, 4400 и не дуплираа родилна, машкото секако и не тродуплираше, незнам колку точно беше, но некаде 11кг беше на 1годинка мислам, а според тоа ке требаше да има 13.200
* 19 март (29+4 недела) - РТ: 1310гр. * 4 мај (доаѓање домче): 1770гр. * 18 мај: 2360гр. * 19 јуни: 3330гр. * 18 јули: 4440гр. * 14 август: 5350 гр. (со пелена) * 19 септември (6 месеци, ~3.5 корегирана): 5980 гр. (пу за 20гр. шестка не видовме )
На пет дуплирана рт, на година триплирана. Шест месеци е како гранична зона за дуплирање. Ама до пет месеци е пожелно да е постигната. Е сега, не сите деца добиваат двојно до 6 месец, ниту пак триплираат на годинка. Кај оние кои се предвреме родени, со помала рт, дуплирањето односно триплирањето оди побрзо, за пократко време, а оние кои се родени со поголема тежина, над 4-4.5 кг, не секогаш дуплираат/триплираат. А и бебе родено со 4 кила не е пожелно да има 12 кг на година, тоа е веќе во просекот за двегодишни деца.
За една недела 400грама качила, многу да не е? Доење на секој пола саат (колку цица уствари никој не знае) со по едно,до макс. две шишиња дохрана сме. Ако стави и оваа недела толку, на полни 2месеци ќе ја дуплира родилната тежина
Тогаш не ти треба дохрана. Знам моево за 5 дена 350гр качи па не искараа дека сме го прејале (на доење е). Педијатарот што вика? Изгледа му е сосем доволно мајчиното
Не стално, некогаш само која ја мислам гладна, една доза таму попладне кога ми изгледа дека ми е намалено млекото @eli25 Вика педијатарот доење, јас преплашена со млеково стално дека го немам доволно Кога се убаво полни градиве навечер многу убаво се нацицува и е мирна,ама преку ден плачки, раце ќе изеде од глад. Повеќе од 20-30мин не издржува.
Мајка нормално е градите попладне да се меки и меки гради не значи дека нема млеко, туку значи дека не е преполна како сабајле, а тогаш е преполна бидејќи бебе цица послабо преку ноќ, а и додека спиеме, одмараме повеќе се излачува млеко. На тој напредок на бебе не му треба дохрана, јас би џитнала кутиите! И стави си во глава дека си имаш млеко, сите сме го поминале тој страв ама вагата вика дека бебе ти е сито и изнајадено
Мајкички, бебо ми е многу ситен и со килажа на долна граница на табела константно. Роден е скоро 2700. Сега е скоро 8 месеци и нема ни 7кг. Сабајлево случајно погледнав табела за раст на момчиња и си гледам како и секогаш на минималната колона. Вика на 24 месеци долна граница е 10кг. Некои бебенца пред проодување ја имаат таа килажа, а џивџи ако се движи по таа константа дури на 2 годинки ќе биде толку. Инаку јаде веќе 3 оброци, јаде убаво и количински многу, плус цица. Здрав е, многу жилав и активен, фала богу немам простор за грижи. Меѓутоа се плашам да не остане и понатаму во животот ситен и низок. Јас сум многу ниска, а мм е просечна висина за маж. Можеби стравувањава ми се смешни и неосновани, меѓутоа доста често луѓе коментираат "на мајка му ќе си биде низок во растот" Отсекогаш баш од тоа се плашев, дека ако имам син ќе биде низок што ич не сакам, од причина што знам точно како е. И затоа малце ме погодуваат таквите коментари. Плус да не спомнувам дека уште носи некои бодиња од 3 месеци, а за обувки ќе сме на мака Ќе треба да проодува, а уште носи што ги викам јас хартиени патичиња за многу мали бебиња Се надевам дека во пубертет ќе се смени ова и ќе пркне дете Што викате вие? Имате ли некакви искуства да споделите?
Моето бебе е 4м+1недела, качува по околу 400 g месечно. Тежина 5850 g (родена 3400 g). Должина 65,5 cm. Уште една манекенка во клубот?
Majka deteto e uste malo da mislis taka,ima vreme tek tekrva ke raste i i napruva oni znaat odednas da se izvisat ili popravat taka da bez grizi samo da si e zdravo i zzivo