Може кога ќе почне да јаде ќе става повеќе, таков случај е малата на @mariz во месеци каде максимум е 400г она става по +/-1кг, епа си сака да јаде, може и твојата ќе е по кашите, ако не да е жива и здрава само
Мојата почна асално да става кога почна да јаде каши, по млекото сеуште не е, мислам кај и да не нема ич да пие Правам, фрлам.. ама затоа од кашите, лажичка не остава
Мајки, бебе хрчи. Некако појако. Вадиме мрсули бели. Искачаат. И солзи и едното окце. Пред 2 дена ја слушаа нема ништо на гради. Цица, исто е расположена како и други денови. Кажувајте некое чаре да не ја шетам пак по амбуланти.
Е добро де, давај кисело млеко, сирење, урда, абц, путер и ете млечно, ужинката млечна и не мора ич да пие млеко
Сакам да дополнам само за цицањето прсти...Од трети месец почнува тн. орална фаза (кај нас почна од вториот) кога цицаат прсти и све живо бутаат во уста. Значи отфрли го ова како знак дека е гладна И јас мислам да бидеш малце похрабра и да останете само на доење. Ништо не ѝ е. Хрчењето е нормално до три месеци, белите мрсули се знак дека е здрава, а окцето е само запушен солзен канал кое исто така е нормално кај бебиња. Само пребришувај го со превриена водичка и ќе помине.
Сум ја утнала темава. Сакав во совети да пишам. Фала на одговорот @Kitten @Chanell* поручек ние сме покенкави за спиење, може не е глад во прашање, него си бара близина и утеха.
И мојава почна да напредува повеќе одкако јаде каши. Со меше мало сме сега инаку како мама внатре и беше влезено
Јас на 4ипол по препорака, какаше по 15 пати и пробиотик не го среди тоа, со кашите одма почна да кака по 2 пати дневно само.
Мојава кака на 4-5 дена. Јас веќе имам преорака да почнам со вкусови од денес, ама душава не ми дава. Здравје, од понеделник ако се охрабрам.
Јас иако почнав рано не брзав, си вртев исти намирници, битно ми беше да се среди столицата, зашто со тоа хаос беше, многу течно какаше и на секое какаше... До 6м само мало тегличе јадеше, од 6 веќе давав и повеќе. Житарки безглутенски си почнав на 6м, ручек воведов на 7м, вечера на 9м.
Кои намирници? Со кои почна? И јас се надевам дека ќе има напредок во тежината со воведување на кашички. Во должина е над просекот, изгледа таму оди енергијата.
Нз точно по кој редослед почнав, но почнав со јаболко, морков, банана, компир, слива, круша... со јаболчето почнав
Можеби не е муабетов за во темава, но и јас ради какањето добив препорака да почекам 4 полни месеци па да почнам повремено да давам сокчиња. И мене душа не ми дава
Дечки малце се разочарав денес. Бевме на контрола на 4 месеци, малата качила само 570 гр. Се храни само со измолзено мајчино млеко. Повеќе од 120 мл не пие колку и да ја гњавам. Докторката рече дека е добра, здрава е, си напредува само не качила многу. Ми рече да не и давам АД додека имам доволно млеко. Само првиот месец качи околу 900 гр после најмногу по 790