мојава на 15м тежи 10кг и нешто ситно и изгледа добро спрема мес. к.с се ок , не ќе да ти е нејадачка , убаво си се храни , плус млеко убаво се фаќа све на неа е од коа ќе прооди и растрча ќе се издолжи и истанчи сега јаде , нане и лази само ваљда и не троши , си се прави крофничка не буце
Да пробаш да ја раниш, сакаш?Уџум ќе фатиш Докторката вика од цицањето. Случајно начекавме и друха докторка и она исто кажа
а мојата мислиш како песна е не авиони летаат и трактори ќе и летнат у устата дури отворе , ја гледа коцкесто храната , па ако и се свиѓа ќе проба или евентуално лижне со прст Мајчиното млеко е незаменливо , тоа ги хране најдобро како да се спремаат за на модни писти , триста табели , доктори , пријатели изнапрашав да се уверам дека е ок , ама како мотор у гз има , само за спање седнува/легнува Живи здрави нека се сите , тоа е најбитно
Исто е и моево се на нозе , ќе чудам од кај ја копа таа енергија , јаде се посебно свеж зеленчук и овошје, нека ни се живи и здрави тоа е нај битно.
Мајки совет ве молам, веќе нерви немам Син ми е роден 3900, сега има скоро 8 месеци и едвај тежи 7,700- 8кг.. Кашички му правам разновидни онака, некои цели кои пола си јаде, цица и пелени полни. Но слабичко ми е дека е бајаги долг. Мене ми е најбитно што он ми е здрав но коментарите околу мене се повеќе ме тераат да се прашувам каде грешам?? Една мајка па керка и помала од син ми, добро да стварно пренапредна е, и вика јас се и давам да јаде почнувајки од грав до чиста чоколада? Реков ок секоја мајка си знае за своето дете најдобро.. Дури и будала ме прават дека житарки и семиња му давам .. Како да го поправам ? Пие и витамини .. Ве напнав извинете, но навистина незнам каде грешам .
Никаде не грешиш, аман од такви најмајки Каква е крвната слика, спие мирно, весел е.. ако се е ОК, супер си е, викаш расте во висина многу, па таму иде храната, може и брз метаболизам и затоа е слабичок. Пишував некаде наназад за ,,дебелеење,, кај бебиња ставај скроб во ручекот, баш ќе барам што читав, ако најдам ќе пуштам линкот
Не грешиш, мајка. Од такви што многу знаат да солат памет ми е преку глава. Една така ми кажуваше закони, ама и го покажав местото (да си гледа за нејзиното, а не за моето).Штом детето си има добра крвна слика, супер е. Еве мојата има 10 кг, а е 15 месеци. Некои се толку на 9 месеци, ама и генетиката нели игра улога. Не грижи се, се си е супер
Еве ни ја крвната слика од пред месец ипол, тогаш беше само на доење и тук так понекоја кашичка.. Сега веќе би требало да сме подобри
Истиот страв и јас го имав на почетокот, се мислев дека немам млеко пошо градиве меки и само му додавав Ад. за една недела бебево 800гр ми напредна штом вагата вика дека супер си напреднува, нема потреба да се мачиш со тие прашања, може да му даваш чајче, ем сито ем ќе мочка, ти радувај се зошто имаш квалитетно млеко.
Мојов на 3год, 19+ кг А дебелко не е ич, многу е и висок.. Едно девојче се збунило и прашала дали почнал син ми прво одд А малава па мислам во некој просек си е, ни мала, ни голема
Па не е најсјајна, анемичен вика дека е, ама е ,,нормална,, за доени бебиња. Повторете пак да видиш како е сега откога јаде, но секако можеш да воведеш ако и не си цвекло, леќа, спанаќ, аронија, маџун, семе од коприва, какао, просо давај почесто, телешко, можеш и со жолчка да почнеш ако и не си.. Секако консултација со педијатар, јас само нафрлав
Ти благодарам многу! Цвекло воведов планирам и семе од коприва од утре! Многу ви благодарам навистина
Негде прочитав кога се давало цвеклото со тиква имало повеќе ефект. Коприва, маџун, аронија, просо давај секое сабајле, само мењај овошјето