Родена 3460г. Испис од болница: 3 300г. Контрола на 3 недели: 3 900г. Контрола на 1 месец: 4 200г. На 6 недели: 4 700г. Контрола на 2 месеци: 5 500г. На 2 месеци и 2 недели: 6 200г.
Мамички моето бебче се роди 3000г не испуштија со 2760 денес на контрола после 10 дена од раѓање намалила 90г, многу сум загрижена а редовно си цица и ја дохранувам, нормално ли е..?
На лекар што ви рекоа? Колку и даваш дохрана? Треба дневно да става мин 20гр.. Ставај ја почесто да цица, на колку време ти цица?
Мајки мојата принцеза е 10+ а има само 7,350гр и 72см мн сум загрижена тоа е мн малку з та возраст ако има некоја мајка со ваков проблем нек даде совет, сег го пие киндервитал за апетит и имунитет
Нема тука проблем мајка, ако си јаде редовно, небитно по колку, битно она да е сита, среќна, да полни пелени, убаво да спие, крвната слика ако е ОК нема простор за грижи, супер си е бебе. Ако не се лажам баткото на @Ano беше тука некаде, па нека сподели дали и она тоа го третирала како ,,проблем,, знам да не, но нека ти сподели лично искуство
Немаш проблем мајка Ќерка ми беше 8-9 кг на годинка,сега е 2г и 6 месеци и пак 13 кг е Не земаме никаква хемија затоа што не може сите деца да се исти Ако е весела,полни памперси немаш потреба дополнително да се загрижуваш
Мајка. Моето синче на 12 месеци беше едвај 7500. Сега на 14 1/2 е 8150-8200. Не го гледам воопшто како проблем. Јаде, пие, кака, моча, пргав е. Се додека не назадува со килажа се е нормално. Плус и гени се во прашање. Ниту јас ниту мм сме големи (јас 168 он 178 ). Уживај си мајка.
Моето се роди 3200 испуст 2900, после 1 недела или 10 дена на контрола околу 2700 тука некаде не ме фаќај за збор. Се испаничи и докторката и ние иако цицаше ама брзо се уморуваше и заспиваше. Едно време помислив кретениве во болница да не запишале погрешно за да се оградат дека толку им паднало во килажа зш не цицаше таму кај нив беше со шприц ја ранеа.. кога видов во картонот од испуст преправени беа бројките за отпусната килажа. Чудна работа. За да бидеме во ред и спокојни одлучивме прво да цица и после секој подој и нудев шише со мое млеко .. пиеше така некое време барем бевме сигурни дека е надоено. Пробај и ти.. После коа потпркна тргнав шише и сега само цица, давам кога сака колку сака .. Столицата каква боја и е ?? Нашата кафеава беше тогаш мислам. Давав и линекс..
Од како сме на доење само 260гр за 3 недели има ставено. За точно 14 дена 100г е во плус. Препорака:Воведи аптамил повторно.