2300 g - rodilna 2120 g - ispisani 2320 g posle 3 dena 3150 g posle 15 dena 900 g kacil za 15 dena se cudil doktorka stanka vo sistina na kontrole se smeese mi vikase zheno pati da ne ti tece med namesto mleko, imas mleko da dois bliznaci
Викаш болно било бебе, извадило 2заба, па сама го имаш одговорот оти 10г! Следи, ако си е весела, спие, полни пелени значи не е гладна, ете тој месец така било, ќе видиш наредниот
2-3 дена беше болна, помалку јадеше само, а млеко си пиеше. Инаку весела е, цело време се смее, мавта со раце, нозе...од овој месец почна со АД па сеа на мисла ми е да не не ја погодувам температурата на водата па да ги уништува хранливите материи
2500- родилна 2460- испишани од болница На 2 месеци и 23 дена имаме 4610 Дали е тоа доволно не знам. На почеток убаво си напредуваше, имаше период кога 600 гр качивме за 10 дена а сега за 20 дена само 310гр. Инаку само на цицање сме. Не знам многу сум загрижена мислам дека не се нацицува убаво, цица максимум 10 мин. некогаш и помалку и тоа едвај, цицне малку и се расплачува па едвај ја смирувам. Неколку дена веќе постојано е нервозна. Мочка ама не знам дали доволно, 4 пелени за 24 часа. Со какањето имаме проблем не кака и по 5 дена па морам да ја провоцирам или со чепчиња или со клизма. За два дена сме на систематски па ке видиме што ке ни кажат. Иначе воопшто не сакам да додавам ад млеко, и онака се мачиме со грчеви ако додавам и ад. мислам ке биде уште полошо. Ве молам за некој совет
Мојот беше исто болен, цела недела беше на млекце. Намали, нормално. Јас не сум загрижена. Ќе си надохнади пак. Нормално е и да стагнира. Се додека е весела , јаде, пак ќе качи. Битно да е добар и кр слика да е како треба.
Некој скок ве фатил. Пробај да ја доиш во темно, во тишина, полузаспана, мењај пози, па и стоеечки пробај да ја доиш. Многу во овој скок се откажале од доење оти ,,немале доволно млеко,, и посегнале по АД. Инаку 310г за 20дена не е некоја бројка, ама не е ни лошо, битно качува, не иде назад. Најдолна граница е 400г во тие месеци, па за 10дена ќе качи 90че и таман. Јас не би се грижела, туку би следела. За какање ако даваш некои капки прекини некој ден и види, пак да кажам дека кога прекинав со Биогаја и Еспумисан бебе стана какач, пред мака си имаше, едвај на 3-4ри дена со судни маки, жално..
Пробав секако, и во тишина и во темнина и стоечки исто е. Е кога е полузаспана тогаш цица. Иначе капки и давам еспумисан, не знам може треба да ги прекинам. Воопшто не размислувам да и давам ад. млеко освен ако педијатарот тоа не ми го каже, тогаш не знам. А мислам дека имам доволно млеко. На почеток премногу ми беа тврди градите и ако не ставев влошки блузите ми беа сите мокри а сега не, и многу помеки ми се градите па помислив дека немам ама прочитав дека откако ке се воспостави лактација градите се помеки.
На година треба да има тројна тежина од родилната а за должина има некој параметар колкаво да е? Колку цм беа вашите на годинка
Според СЗО на 1 годинка: 74см е ~23 перцентила 75.5см е ~46 перцентила 77см е ~70 перцентила 80см е ~96 перцентила Се е ова во граници на нормално, зависи и колку се родило. Извор: https://www.infantchart.com/infantlengthage.php
Точно по 25цм двајцата пораснаа. Синко 56 роден, 81цм беше на 12м. Малата 51 родена, 76цм беше на 12м. Грешка, 75цм била, ама сепак тука некаде, секако и не е баш прецизно мерењето.. мрдаат
Еј па моево до сега е 28-9см пораснат, 42 роден, 70-71 е сега. А ја викам не ми качувал доволно тежина, тој и во висина си надокнадувал бе.
Од болница излеговме со 3600 тежина, за три недели денес е 4120. Дали е доволно? Колку треба да биде во просек за недела или месец? Само на доење сме па малку сум несигурна дали му е доволно. Педијатар вели ок е ама сепак искуствата ваши ми се битни
700-1200 е просек, но малата моја не ставаше ни 700. Првиот месец на цице само стави 620гр, од втор со ад плус и пак исто качуваше, повеќе од 700гр не качи.. но понатака кога па требаше да намали, пак исто 600гр ставаше