Моево родено 3750.На испис од болница после 9 дена 3590.Денес на точно еден месец има 4030.Зарем не е малку само 440гр.Инаку и се доиме и на ад сме
Сега од педијатар дојдовме ништо не кажа затоа и побарав ваше мислење бидејќи мислам дека е многу малку
Добар е напредокот. Значи за 20дена 440г качило бебе, ма супер е. Не сите качуваат по 1кг, 400г е најдолна граница за 1месец, така да супер е, без грижи и паники. Следи полни пелени, дали мирно спие, дали барем 2ч сврзува сон и не бара јадење, ако да терајте така
Најмалку 600 гр треба да каче за 1 месец, а оно има качено 400 за 20 дена што и не е така лошо. Малечко е уште, можеби не ни знае убаво да цица. Ама штом прима и дохрана значи не би требало да е гладно
600г??? Некои педијатри ,,спуштаат границата,, и на 300г, ти викаш 600г На крајот од денот сепак се следи бебе
За еден месец е 440 не за 20 дена.Инаку кога дојдовме од болница две недели само се доевме но немирно спиеше навечер а преку ден речиси и да не спиеше и зелено какаше.Еве веќе една недела го дохранувам со адаптирано и цица и гледам повеќе спие и добро ги полни пелените па се надевам на два месеци ќе бидеме подобри во килажс
Од испис ако рачунаш, тоа се 20 дена како што вика Емка, за 20 дена 440 има качено. Месец дена по испуштање го меревте или на месец дена возраст?
До која возраст треба да ја имаат тридуплирано тежината бебињата? родилна 3340г., 52см 2 месеци и 1 недела 5600г, 59см 5 месеци и 2 недели 7600г, 68см 1 година 9420г, 74см Некако последниов резултат ми е многу слаб, за пола година 820г само.. И на 5 месеци беше во 75% според тежината, сега е во 50%. а со висината па скрос од 75% сега на 25%.. се засекирав.. докторката рече по две недели ќе ја провериме пак, не знам што треба друго да се провери? крв не ни провериле никогаш, во Германија сме :-/ јаде така така, многу сака да цица едно време убаво јадеше па не затераа настинки.. штета само сама не ја мерев измеѓу не знам кога намалила. Уште 600г и фалат за да ја тридуплира.
На 12м треба.. но не тродуплираат некои бебиња.. мојата е родена 3800г, а на 12м беше 9600 Ако супер изгледа, ич да не се грижиш За висината имате супер тежина, таман. На мојава 1800 и фалело да тродуплира, никој не се загрижи..
ах, навистина слабо со математикава, а да не кажувам што имам студирано фала! ме утешивте добро изгледа и многу е активна, оди од 10 месеци изгледа многу троши. Читав негде може малку и повеќе (здрави) маснотии да се внесуваат, авокадо, мусови од јатки, ќе пробам малце да поработам сепак над исхраната. Ама битно да не е нешто ептен од здравствен аспект лошо се исплашив со пресметкиве))
Roden 3,600 gr 51 cm 1 mesec 4,300 gr 55.5 cm 2 mesec 5,500 gr 60 cm 3 mesec 6,200 gr 64 cm 4 mesec 7,100 gr 66.5 cm 5 mesec 8,100 gr 70.5 cm
Мене страв ме фаќа па со килажата на синчето. Родилна 4300 на 2 месеци и 10 дена 7600г. Вака ако крева на година колку ќе има?? Имал некој слично искуство? Иначе само на доење сме, значи ни чај не пија, само цица и тоа на 2 сати, а некогаш и на 1. Матичната вика Ок е супер е.. а и неможам да ставам на диета бебе од 2 месеци.