Mojata se rodi 2250 sega e 7 meseci kilazata i je okolu 7kila jas mislam deka e malku a pedijatarot mi veli deka e dobra ama ne sum sigurna
Родена 3330 г, 51 цм. Исписна 3290. Контрола на 24 дена 4060 г, 55 цм. Контрола на 5 недели и 2 дена 4640 г, 57 цм. Само на доење
Девојки моево девојче со навршени 4 месеци на последното мерење тежи 5.300 гр.. Јас мислам дека е малку иако според некои табели е во просекот, но сепак поблиску е до долната граница.. На АД сме, и сокчиња колку да ги пробува вкусовите и по малку ја дојам колку-толку.. Има место за паника
Нема место за паника. Твоето негде 3 кг се роди поправи ме ако грешам. Месечно треба да става 600 г мин. Е во долни граници али пак си напредува. Од она што го слушам можеби ад можеш да го промениш, друга фирма да воведиш чисто да провериш да не е до тоа. Ајде пробај така и кажи.
2.800 се роди, со 2.600 не испуштија, а на прво мерење завршивме со 2.400. После празниците сме на контрола па ќе прашам и во однос на млекото дали да го сменам. Фала ти за одговорот
Многу рано си почнала со соковите, а не знам ни кој пак те советувал да даваш, тоа меше е многу кревко и спремно само за млеко. Мој совет да престанеш, мешето само се дуе, полни со шеќери и ја заситува, помалку пие млекце, па најверојатно и затоа не качува на килажа. Проверете крвна слика можеби и анемија има, давај само АД и заборави на соковите. Сокови веќе и ретко кој дава, не па од 3.5м, бебе ми е 17+ и сок не пробал.
Родена 3300г, должина 49цм. Испишена 3030г. За 28 дена 3900г, должина 55цм. Цело време е на ад млеко.
6цм за 28дена? Или при раѓање и утнале или сега и утнале... Мислам 2-3.5 беше висина месечно, може и да сум грешка, ама 6цм за 28 дена ми се гледа многу
Лелее кој е тој педијатар што советува сокови на 3.5 месеци??? Те молам кажи ни за да не стапне никој таму!!Ауу се потресов... треба да почне со пробување вкусови од 4 месеци но доколку не напредува, ако си напредува на 6 е идеално. Ние до 6 месеци ништо друго освен млеко не внесувавме... а сокчиња ќе внесуваме после година, бидејќи ладно цедените сокови го покачуваат нивото на шеќер во крвта и после може да дојде до појава на дијабет кај деца и дебелина... ауу страшно за таков педијатар искрено
600 би требало минимално да напредува. Ако имаш два месеци по ред ваква бројка зборни си со педијатар за плус формула.