Се дорануваме и со АД и цица Родилна му беше 3750 на испис 3590 на 1 месец 4030 на два месеца и една недела 5400
Вториот месец ти е 1.4 речиси плус не се грижи. Кај нас се дава препорака ако се два месеци испод линија да се замени ад со друга фирма можеби е и до тоа.
Ние денес имавме контрола и вакцина На 18.03 беше 5800гр.со 62см имавме три месеци и три недели Денес сме 7100гр.со 66см.
Родена 3460г. 51цм Испис од болница: 3 300г. Контрола на 3 недели: 3 900г. Контрола на 1 месец: 4 200г. На 6 недели: 4 700г. Контрола на 2 месеци: 5 500г. На 2 месеци и 2 недели: 6 200г. На 3 месеци: 6 700г. На 4 месеци: 7 290г. На 5 месеци(мерена на дигитална-јас без неа и со неа; не ми се носеше на контрола): 7 900 г На 6 месеци: 8 150г. На 7 месеци и 1 недела: 8 850г. На 8 месеци и 1 недела: 9 200г. 73цм На 9 месеци: 9 750гр.
Родилна тежина 10.12.2018: 3000г со 50цм. Испис на 18.12.2018: 2930г 25.12.2018: 3170г 03.01.2019: 3505г 17.01.2019: 4010г 11.02.2019, 2 месеци и еден ден: 4770г, 56цм 11.03.2019, 3 месеци и еден ден: 5515г, 59цм 10.04.2019, 4 месеци: 6285г, 62цм 10.05.2019, 5 месеци: 6815г, 65цм Последниов месец качил 530гр, дали треба да се загрижам? Некако малку ми се чини дека е. Знам дека после 4ти не напредуваат толку многу како првите месеци, ама сепак...нема ни 600гр.
Таман си е, малата мене 3800 ми беше родена, на 3м + некој ден беше 5600... мин 600гр ставаше, ама вака супер си изгледаше, топче. После кога требаше па и да намали, она 600гр, 600 цело време Ако е бебе среќно, задоволно, нема гајле (инаку и мојата на комбинирано беше, цицаше + ад до 5м, после само ад).
И моево последниов месец малку има качено, ама пак бааги е издолжен роден 3620 со 52 цм, сега е 6.850 со 67 цм, инаку за два дена прави 5 месеци. Вака е ок, весел е, само што веке кога цица многу често се трга, зашто веке се му е интересно
Немај гајле. Мојава на 6 м е 7100. И мојава од 4 до 5 м стави само 500г, па од 5 до 6 скоро 700, ако ми е точно мерењево дома.
Тука некаде напредуваат нашите батковци И мојот е весел, се смее на глас, активен е цело време, мрда со раце, нозе, се превртува. Кога е буден не стои во место Докторката ми рече добро напредува, ама јас пак се замислив па затоа прашав и тука. Нека се живи и здрави само, не можат сите буцки да бидат
Кога го прашав педијатарот за тоа ми рече,, Замисли секој месец да стават по килограм, колкави би биле до годинка,, Уживај супер е дечкото. 300-500, може дури и да стагнира и оди во висина. Индивидуално е.
Родилна 2200гр, 45цм 1месец 3360 гр, 49цм 2месец 4189гр, 54цм 3месец 4850гр,57цм 4месец 5900 ,62цм 33+4 г.н корегирана 2и пол мес. Не искараа за удвоена тежина, ама си сака дете.. сега кратам по 10/20мл уф!
Фалаа тии, малиот има 8месеци и за месец дена качил 500 гр. Роден е 2400 а сега има 7кг. Докторката вика супер напредува ама сакав да слушнам и ваши мислења
Какво кратење, нека јаде колку сака. Од кај знаеш колку ќе јаде и напредува за 2-3 месеца, па како ќе прифати дохрана, па скок, па заби ќе мачат, што ли не.
Машала супер си е бебе ама јас не би кратела ама баш ништо. Секако не му даваш со сила, што си пие значи дека има потреба душичето. А да се родело со 4 кг или повеќе? Што ќе ти кажеа да му кратиш тогаш. Терајте како ви сака бебушот,ќе има периоди кога ќе се молиме да сакаат лажичка плус
Биди среќна што сака млекце . Јас мака мачев... Малата се роди 3800 гр беше на доење и никако не сакаше цицка, а види пискотници, АД нејкеше да види, тоа малце што ќе и го дадев го повраќаше веднаш. Цаката и ја фатив со тоа што и давав да цица само на спиење. И го повлекував цуцето и веднаш и подметнував да цица и тоа само кога беше цврсто заспана. И така се навикна, кога и се цицаше заспиваше, чудо на природата.. Така теравме до 13 м, почна да разбира и ме одби. Мислам дека вакво дете само јас имав, очајна бев, при млеко во изобилство да нејќе да и се доближам, само во сон да цица, чудо! Со ништо не се мачев , со се лесно поминав, ама со ова катастрофа. Да не прифатеше да цица додека спие не знам што ќе правев, ми се чинии најтежок период од мајчинството ми беше, полудував. После, почнавме со цврста храна, уште бетер, едвај ја ранев... Сега има 4 г пак е иста, 15 кг и 500 гр е, со мака јаде, преборлива многу башка и по неа се гледа, не се метнала на мене и татко и. Јас голема, татко и бетер, кога иде со нас на средина, кутрата не се гледа, како да не е наше. Затоа давај на бебуш нека ручка, ти си среќна мајка.
Мојот беше ист. Ме караа кога ептен качи. А уствари поситните родени полесно врзуваат, барем најчесто така се покажало. Ми велеа не толку многу. Ни еднаш не се соочив и терав по мое. Тој не беше дебел. Беше цврст сиот. Фалти никад немал. Сега е 15 кг на 31 месец. Со тоа што минатата год од 13 падна на 11 поради цревните инфекции.. Давајте на децата да си јадат, мака е да не сака да јаде, другово ич не е проблем