Ова ко мајка ми за мене да пишува Родена сум 2500, 52цм мајка ми вика како шпагети ми виселе нозете. Цицање само 40дена исто како моево, со молење, плачки... На крај сакаше, јас снемав. Репризи од 90та . АД Аптамил да не чујам. Бљуцкање до давење. Хорор! Иначе ја сум израсната од вода, чоколадо, Еурокрем, сладолед, средина на леб, корка никако. Мајка ми се чудела од што живеам. Секој ден плачела. Во книшка на систематски секој пат ми пишуваше недоволно ухранета. Ела сега да ме видиш. Не и се секирај ич, само да внесува витамини за имунитет, мене знам ми ги даваа за апетит. Ми зголеми, да. Место една Милка, две крквав. Чудна раб некој благото го дебелее, мене обратно.
Јас сум била такво бебе што едвај цицала само на спиење од шише. Потоа на 5 м ме научиле да пијам од чаша и така сум терала. Во прво одделение имав 18 кг и сега се чудам на кој е метната мојава нејадач. До 4 г жива бев само со чоколино, а потоа вметнав и сникерс и овошен јогурт ви исхраната.
А уште бетер беше тоа што цицаше само легната на кревет, во раце да ја држам и да цица немаше шанси, одма се окоруваше со очињата, па прошетка со бебе немаше шанси додека не се префрли на цврста храна, па со лажење и заменував цицање со кашичка за да видиме малку цивилизација. Башка, додека спиеше и цицаше, да шушне нешто одма се будеше. Маки...
Ами мајка, таква лепота мора да те измачи! Сега сфаќам што и значело тоа на мајка ми- " дете живота ме кошташ". Кај ризична бременост (за малце да ме снема) па уште и проблематично бебе. Живи и здрави само, не му кратам, што сакаат нека зборат веќе. Зар дете што цица некој знае колку мл. внесува...
Абе.. И ја не треба кеса чипс да јадам па јадам.. Не па тоа бебе толку мало да знае 20 или 25 мл треба
Јас да Ви кажам, мојата е на Аптамил и за нејзина возраст пише по 150мл, 5 оброци за 24ч, мојата пие по 6 7 оброци секако, секој ден, плус чај, прво ми беше чудно како може, ама си викам ако и е тешко и несака толку многу самото дете ќе си каже, неможам јас на детето оброците да му правам како на млекото што пишува, не е она машина.
Роден 3200 со 49 На три месеци 5480 На 4 месеци 5900 со 63 На 6 месеци 6400 со 67 На 7 месеци 6900 со 70 И сега на 9 месеци 7300 што мислам дека е многу малку ни дадоа да пиеме пиковит сирупче и за еден месец повторно на мерење бидејки слабо напредува. Има ли некој слично искуство?
Бејби е родена со 3,540кг/52цм Сега сме 2 месеци и има 5,750 кг. а должина не ѝ измери ја, во советувалиште ми рекоа дека се мери на три месеци инаку сме на ексклузивно доење
Како мојата 6+ сме и уште така цица во сон само, значи ме измачи со доењето а АД неможе да смисли дури ни во каша. Ама тоа е ќе издржам уште малку, еее толку издржав што веќе и нормално ми е
Roden 3,600 gr 51 cm 1 mesec 4,300 gr 55.5 cm 2 mesec 5,500 gr 60 cm 3 mesec 6,200 gr 64 cm 4 mesec 7,100 gr 66.5 cm 5 mesec 8,100 gr 70.5 cm 6 mesec 8, 300gr70.5 cm 7 mesec 8,700 gr 71.5 cm 8 mesec 9,180 gr 72.5 cm
Женски бебка на 6 м тежи само 7200 г, др ја помисли дека има3 м, па тргна да и ги проверува колковите. Ми вика ги затега многу под хитно повој и на ортопед. Јас и викам бевме пред 3 м, беше се супер, сега ќе ја носам пак на 6. После вика штом е 6 нормално е си дава отпор во ред е се. За малку ќе и ја пишеше вакцината што веќе ја прими на 3 м. Мене мн неубаво ми падна дека ја направи помала. Инаку физички била супер и понапредна за возраста. Се врти, пробува да лази и да се исправи за седење. Но јас се загрижив иако таа вика дека е по книга. Родена 3350, си има одамна дуплирано родилна, весела е и активна. Полни пелени.
Мене не ми е јасно зошто она има потреба да мисли кога детето си има книшка или како и да е сега компјутерски и си стои во него се. Те исплашила за буквално глупости.
Леле значи докториве аман, неможе секое дете исто да напредува. Малава моја па 3800 е родена, на 6м беше 7300 (не ни дуплираше), никој ништо не ми рече, јас само џабе се мислев дали е доволно или не. Еве ја здраво право пргаво опасно девојче од 18м е што не застанува. Низ темава има дури и поситни што биле, па здрави прави дечиња се. Не ја слушај докторката, па и секое бебе од 3м нема 7+ кг, од кај и е тоа
Абе таа не ни виде колку кг е. Не го ни отвори картонот. Одма ја грабна за колкови, бебе се развриште и се стегна. Нормално големка е веќе и се плаши и пружа отпор. И почнаа таа леле под хитно на ортопед, така кога не ставате повој. Дур разбрав дека ја мисли дека е 3 м ми се заледи крвта. Отпосле виде тежина и родилна и рече дека е по книга. Но бељата беше направена. А капак беше тоа што рече дека пак ќе и ја пишела таа за 3 м. Јас бе знам како не виде кога бебе фаќа предмети, се првртува и крева.
Masko Rodilna: 2000g 43cm Na ispis (posle 21 den): 2240g 40 dena: 2700g 2 meseci: 3840g 3 meseci: 4860g 4 meseci: 5740g 4 meseci i 2 nedeli: 6100g 5 meseci i 2 nedeli: 6700g 6 meseci i 4 dena: 7200g 65cm Zensko Rodilna: 1730g 41cm Na ispis (posle mesec dena): 2400g 40 dena: 2600g 2 meseci: 3150g 3 meseci: 4760g 4 meseci: 5400g 4 meseci i 2 nedeli: 5700g 5 meseci i 2 nedeli: 6440g 6 meseci i 4 dena: 7000g 64cm Rodeni 32+1. Porasnavme i nie
Мајка, синчето мое беше едвај 7,5 кг на годинка. Сега на 21 е околу 10 кг и ништо не му фали. Не се сеќирај за глупости.