Мајка не сте за дохрана. Супер е бебето. Нормално дека нема да сака кога не е гладно. Нормално да плаче, бебе е . Сака на града бидејќи сака топлина, да се гушка.
Здраво мајки, моето бебе е 9 месеци и има 9.400г на ад сме и на каши.. Да не е малку според возраста?
Штом повраќа значи не му треба адаптирано ич! Тоа е доказ дека желудничето му е преполно. Ич да не се секираш, дури и да цица на една града на еден подој е исто добра тактика. Какањето (или поточно некакањето) по теорија до две недели е нормално за бебе што е само доено. Но веројатно има мака. Пробајте со масажи и вежбички со нозете. И јас ја имав истата мака, 2-3 пати морав да ставам микро клизма. После третиот месец се среди столицата, почна редовно да кака.
Кој тоа педијатар ти рекол дохрана со 900 г напредок месечно жити се? Колку треба да качува според неа 2-3кг месечно за биде таман??? Извини ама се револтирам кога ќе слушнам вакви совети од луѓе кои треба да бидат подршка број еден за доење! Не ти е гладно бебето мајка, напредокот му е и повеќе од одличен, ако има мокри пелени редовно нема потреба од никаква грижа, продолжете како и досега и се ќе биде супер.
Ти кажале и погоре, од дохрана нема потреба, бебето супер си напредува. Ама немојте, ве молам, немојте да брцате топломери и слични чуда во газето. Бебе што е на доење нормално е да не се кака и по десет дена. Ако има мака и сака да се искака, а не може, со масажа на стомачето и вежбички со нозете ќе му помогнете, а ти ќе јадеш сливи, и свежи и компот, сок од кајсии домашен исто така многу помага. Ако ништо не помогне, имате опција микроклизма од аптека што е сто пати подобра опција од брцање топломер во газе. Не дај Боже да се скрши врвот од топломерот, што ќе правите? Не, таман е, а според табелата погоре и над просекот е. Не замарајте се со тежина се додека се здрави, активни и редовно полнат пелени.
Мокри пелени има. На саат ипол и менувам тешка пелена. Мокрачата и е светложолта бледа. Многу често се грчи и прднува. Многу прди. Ја кревам да ждригне после секое цицање,успешно. Многу е жива и активна. Мрда со рачиња и ноџиња и се смее. Ама често и заплакува. Затоа ми рече докторката дека е гладна. Дека плаче и дека немаше какано 11 дена. Мислам дека не е предуслов тоа. Имам околу мене неколку мајки и дури има бебиња што се со помала тежина од неа а се поголеми...и не ги советуваат за дохрана.
Доенчиња не какаат бидејќи мајчиното млеко го искоритуваат целосно за нивните потреби во организмот. Показател на најадено бебе е мочкани пелени. Вие сте супер. Ако има мака со мешето што е и нормално за тој период Анат ти посочи како.
Штом на саат и пол менуваш пелена, детето супер си напредува. Ете, жива и активна е, одлично, па нормално е и да заплакува, бебе е. Ако не плаче, чудно би било. Ти пиша @duffi мајчиното млеко максимално се искористува и затоа не кака бебе. А кога има запек, се приметува и тоа како. Башка уште сте во фазата на грчеви, особено околу два, два и пол месеци се најсилните грчеви. Со ад млекото не правиш услуга воопшто. Да ти речам да го смениш педијатарот - најлесно е, ама ако се сомневаш во нејзините совети, побарај барем второ мислење.
Педијатарот ми е супер ама месецов е на одмор. А докторкава и е замена. Немаше да ја однесам ама се загрижив ради некакањето. Од 1ви си доаѓа нашата и обавезно ќе ја носам. До тогаш ќе си терам како до сега. Не и давам дохрана. Па ќе видиме она што ќе рече. Фала ви многу на мислењата. Многу ми олеснавте .
Веб страна. Има повеќе калкулатори, за тежина по возраст, висина по возраст, однос тежина-висина.. според графи и стандарди на СЗО. https://www.infantchart.com/
Денес бевме на контрола,ја примивме втората вакцина.Матичната ми е на одмор,ја гледаше една млада докторка.Измерена тежина 6,600 кг на 4 месеци и една недела.Минатиот пат беше 5,600 на 11.06.Ми вика не ти напредува баш.Матичната знам за првите прегледи рече супер е,по 1,5 кг качуваше,сега мислам дека е нормално да почне да намалува.Кога и кажав на оваа па ок е де уствари вика,добра еЈас секако се мислев да пробам со некоја дохрана-Аптамил на пр. во комбинација со доење,пошто ме викаат од работа овој месец,по некои си 4 саати ќе сум отсутна.Инаку според мое мислење,не гледам знаци дека е гладна бебка,си спие супер,мирна е,не плаче,си кака нормално после цицање,си ждрига,бљуцка и тн.Може последните неколку дена ми е малце позахтевна за цицање и ми бара почесто,па се тегне од града,дали поради жешкото или е некој скок не знам.Докторката преска ми вика ако сакам да пробам со Аптамил да почекам една недела,да немало реакција од вакцинатаНа работа пожелно е оваа недела до крај да тргнам,ќе одам околу 2 недели додека колешката е на одмор, после пак ќе сум дома.Се мислам како да се искомбинирам.Дали реално има потреба од Аптамил плус,или да почекам!?
Детето си е супер, нема потреба од дохрана, ниту кога нема да си дома, измолзи се, остави млеко колку за едно пиење, доволно ќе биде ако си отсустна 4 часа.