Принцезата се роди 4кг 55см не пуштија со 3800 по 12дена бевме на првата вакцина во раката и тежевме 4400 ни рекоа мн била поправена ами нас постојано ни се јаде
Родилна тежина : 3960гр, 51цм Испис од болница : 3800гр После 1 месец: 4820гр, 59цм Сега е месец и 2 нед, ке видиме за 2 нед колку е буца и ке пишам.
Браво, многу сте качиле на тежина.. Педијатарот што ти вика?Зошто мене на последнава контрола ми рече дека е супер и дека нема потреба толку да накачува во иднина, зошто веќе секако на 5м ќе и биди дуплира а тежината
До 4 ипол месеци беше само на доење и имаше 9300г и тогаш почнавме со кашички, сега е скоро 8 месеци има има 12кг педијатарот цело време вели супер е, ништо др, такво си е бебето.
27 дена Родено 3750 гр Испишано 3550 гр Должина Родено 53 На денешно мерење (27дена) 4100 грама 53.5 цм Ваше искуство,ми треба дохрана или не..го дојам иначе Пркнато е 550 грама за 27 дена Фала
Мислев дека е слабо бидејќи, некои ми рекоа минимум е од 800 грама до 1 килограм е месечно... Па не знам што да правам.. дали ми треба мислење и од друг педијатар? Прво ми е и сеуште не знам многу
Да му го јадат газето. Дохрана ми кажаа да вклучам кога цела недела немаше качено грам. Тоа беше првата недела од раѓање,не знаеше ни да трга а и поспан од жолтицата. 2 месеци имаше по 2 оброци ад+доење качуваше по 900гр и 1кгмесечно. Сега без дохрана исто качува скоро 1 и 200кг. се роди 3100 дома бевме со 2900. Последно на 3 месеци 6кг Ќе се разцица не се секирај
Не качуваат сите дечиња по 1кг, син ми првиот месец качи само 400г, не дадов дохрана, вториот качи 900г и натаму 4ти, 5ти, 6ти по околу 600г во просек. Ако полни пелени, ако општата состојба му е добра, ако е задоволно бебе, тогаш не му треба никаква дохрана, едноставно метаболизмот му е таков.
Нон стоп се полни пелени, често менуваме. Цел ден вришти ,мислам гладен е ..а можно е и грчеви да се Два дена само пишти корне,4 саати нема спиено вкупно во два дена ☹️