Моево по кило и пол качуваше месечно и пак си плачеше по цел ден уживај, грчеви се до 3,4 месеци ќе си има и ќе си плачи после веќе ќе почни да зазнава и нема да плачи. И колку за утеха 8 месеци поќе од 4 сати ноќе немам спиено, жива сум
Родилна тежина 10.12.2018: 3000г со 50цм. Испис на 18.12.2018: 2930г 25.12.2018: 3170г 03.01.2019: 3505г 17.01.2019: 4010г 11.02.2019, 2 месеци и еден ден: 4770г, 56цм 11.03.2019, 3 месеци и еден ден: 5515г, 59цм 10.04.2019, 4 месеци: 6285г, 62цм 10.05.2019, 5 месеци: 6815г, 65цм 10.06.2019, 6 месеци: 7255г, 67цм 10.07.2019, 7 месеци: 7820г, 69.5цм 09.08.2019, 8 месеци: 8305г, 71цм
На точно 2 месеца 5250, на 3 месеца 5870. Само 620 грама напреднала овој месец, инаку ја мерев на вага сама дома ама мерките ми се совпаѓаа со оние на докторката претходно. Нели е многу малку, што мислите? Само на доење сме, ама овој месец некако како благо дехидрирана ми е цело време, мислам дека е премногу темпераментна (кога е будна нонстоп мрда, а и кога спие се врти и превртува) и многу се поти. Мислам дека млеко си имам доволно оти и мастит фатив пред неколку дена, а она си цица нормално како порано.. Во што би можело да е проблемот?
Таман е. Од 600 до 800 грама првитее 3 м е таман да става. 600 г не е совршено, но во рамките на границата. И мојава имаше период кога по толку ставаше. Додуша тогаш ни сакаше да цица, ни од шише да пие, а од АД и се гадеше. Ако убаво си цица, полни пелени и е весело не му се плаши. Башка на каква вага мериш шо е толку детална? За да знаеш напредок секогаш треба да споредуваш податоци мерени на иста вага инаку според мене не е релевантно.
Дигитална вага имам (од оние како во маркетите што користат). Може да згреши со 10 грама не повеќе. До сега кога ја носев на педијатар после и дома ја мерев и секогаш се совпаѓаа мерките. Ќе ја носам и утре на контрола да видам што ќе каже докторот. Она додуша не е некој јадач, цица често ама по малку време, и многу често бљуцка после подој. Пример цица 5-10 мин и за саат време пак бара да цица, ама така беше од почеток а тогаш добро напредуваше.
Мојава јадеше како дупнато, ама ништо не и се фаќа, иста на мајка И сега крка лапа, а нема 12кг (21м) Сега ја качив на вага со се алишта 11.800 Има и потешки и полесни, битно здрави и живи да се
Така е.. Се нервирав, секирав, молев и уште молам ама тоа е. Ама затоа е пргава и мир нема ни ден ни ноќ. Цела куќа напреку и надолж ја врти, па кај малку јади, многу троши. Ама најбитно здрави и живи да сме. Јас во прво имав 19 кг, а мм имал 18. Епа крвта не е вода. Се е генетика.
Kerkickata mi e 11 meseci A tezi 7 kila rodena mi 2250 I neznam ama mislam deka mi e mala so tezinata dolga mi e 70cm a ne ja forsiram da jade mn bidejki ne saka
Моето се роди 3020 гр. Падна на 2700 излеговме со 2820 денес има 2870 за два дена накачил 50 гр. Т.е по 25 дневно. Во однос на "празнењето" денес почесто какаше но количински помалку сега малку потечна столица. Си викам до млекото е или па нормално е се чистат. Инаку стари сме 6 дена
Првата столица е најчесто темно зелена дури црна и се вика мекониум.После вториот ден веќе се чисти и преминува во сенф боја и како семки да има внатре и е течна.Моево е скоро 5 месеца и уште има течна столица, мислам дека се менува веќе по воведување на дохрана. Честита синче,да е живо и здраво