Еве кај нас за 4 месеци 12 cm ,дома јас сум 165 да кажам ниска,мм е 180 значи може на мене се метнал. Вака килажа е топ,но во спредба со врсници негови е низок не е баш долг,и главче помало...ситно во раст а со тежина на место
Значи 100 пати сме зборувале во темава... Мајки, не го споредувајте растот на бебињата со вашата моментална висина. Ситно бебе не значи дека еден ден нема да биде високо, исто како што крупно бебе не значи дека ќе биде високо. А пубертет е веќе друга тема. Сѐ е запишано во гените.
Сепак според мене 20цм за 4м е веќе над над над просек. Или има утка во родилна висина или сега. 70цм за 4м бебе е машала машала Тео знаеш колкав е... 70 тек на 6м беше, со родилна 56
Одличен е. Малава ми беше на 5м 62/63цм. (Јас 180, мм 192). А вака според други и не е нешто најситна. Во линија за раст е баш таман во просек на средина... А сиг во пубертет ке се извиши зашто и јас иста бев како мала, таман со сите до 6то, во 7мо одд веќе и над машки и над женски бев
Не коментирав за конкретниот случај, туку генерално што се донесуваат заклучоци. Јас не верувам твојата малецка дека ќе биде "малецка" со оглед на тоа колкави сте вие двајца Исто така и мојава постарава што беше 9кг на една година не верувам дека ќе биде од малите деца, јас бев највисока во 8мо одд, маж ми бил највисок во одд...Не верувам дека ќе повлече на некоја прабаба
На 6м беше 8.350кг, 65висина На 7м 8.650кг, висина не мереа ама јас дома си а мерев 72см, може имам некој сантим утнато.
Да, од првиот до вториот месец качи 1.700. Такво си е детето, супер напредува сите викаат. Роден е 41 недела царски, а од 34 не качуваше на килажа и никој не сакаше да каже зошто или да ме породи порано. Сега викаат ќе напредува добро зошто тогаш не напредувал. И стварно е така. Сонце мое
За 30 дена 1800 стави моево на 5ти месец. Значи кило и осумстотини за еден месец. Сега како што е на цицка нон стоп ми е страв на контрола да ја носам на 19ти. Ќе мислат дека и со сила и ставам јадење, знаеш тешко е да се разбереш зошто бебето на 7 месеци е преку 12 кг. И добиваш некој поглед со недоверба како “само на доење?”. А не знам што да правам поинаку. Она си оди машала нагоре со килажа сеуште базично од млекото мое. Али овој пат ќе го јадам на контрола. Нема да се објаснам дека не е нешто воодушевена од јадењето, ќе мислат сум несовесна и свесно ја бувам со храна покрај млекото.
Мојата беше на дохрана месец ипол и плус цицка 24ч и качи само 350гр, а пред тоа качуваше по кило месечно. Може и твојата пуфка сега нема да става толку, ќе височи. А што нема да се чудат, на мојата се чудат дека била само на мајчино а сме накај 9кг
Мене од сега ми упаѕуваат поглед, бебе од 2 ипол месеци 7 кг?? Да не му даваш нутела? Страшни се луѓево. Ваков е, таков е, проблем ќе има, нема да се движи... дрн дрн, газот да му го јадат. Па ко ќе почнат да споредуваат ама бебето мое по 600 гр едвај качуваше, што му правиш ауууф. Лакомо ми е синето, живо и здраво да ми е тоа ми е најважно, слабо или дебело тоа не е важно. Оди објасни им..
Јас ја мерев дома 68 ми излезе. Докторката веројатно знае, многу бебиња измерила. Инаку од почеток си расне многу во должина. Сите боди што ги имаме од 3-6 месеци и се кратки а широки. А ние сме со просечна висина, не знам на кого вака
Мене луѓето не ме нервираат, мене од педијатарот ми е страв да не рече нешто бидејќи тежината е над нормала. Вакви тежини се ретко од мајчино млеко само и секогаш проверуваат тироидна дали функционира нормално. Фала богу не е тоа. Нека си напредува да не те боли глава. А на луѓето не можеш да им погодиш. И да ти кажам да не купуваш облека многу оти со ваков напредок машала облеката ја носи дури едвај две до три недели. Јас купувам моментално 98ца боди и облека за од 1-2 години.
Роден 41ва недела 3390гр. 50цм. Испис од болница 3300. На 18 дена 3740гр. Денес контрола на 23ти ден 3920гр.
Родилна тежина 10.12.2018: 3000г со 50цм. Испис на 18.12.2018: 2930г 25.12.2018: 3170г 03.01.2019: 3505г 17.01.2019: 4010г 11.02.2019, 2 месеци и еден ден: 4770г, 56цм 11.03.2019, 3 месеци и еден ден: 5515г, 59цм 10.04.2019, 4 месеци: 6285г, 62цм 10.05.2019, 5 месеци: 6815г, 65цм 10.06.2019, 6 месеци: 7255г, 67цм 10.07.2019, 7 месеци: 7820г, 69.5цм 09.08.2019, 8 месеци: 8305г, 71.5цм 11.09.2019, 9 месеци и еден ден: 8400гр, 73.5цм Овој пат стварно се загрижив, едвај 100гр качил за цел месец, 95гр всушност. Матичната вели да не кревам паника, овие месеци требало по 300гр да качува, ама не било страшно. Ме чуди зошто толку малку, се си јаде, 3 оброци на ден по 180-200грз и 3-4 подои на ден. Месецов некако неубаво се чувствувам, прво Хгб и железото слаби, а сега и тежината ме загрижува. Не лази уште, ама кога е буден нон стоп е активен, не седи во место, се врти, прета, рипка во место седејќи и не мирува никако. Ама пак, и покрај сево ова движење, нели треба повеќе да качува? Кажете некое искуство, многу се замислив зошто вака...
Мојава е 4 месеци ама тука некаде напредува како твоето на почетокот (по околу 700-800гр, само првиот месец качи кило) и исто е многу активно бебе. Само на доење сме и си цица нормално освен што ја преспива ноќта само по еднаш станува. И јас бев загрижена дека се малку ама прочитав во една статија дека има голема улога активноста на бебето за килажата. Они ги трошат внесените калории. Плус и генетиката е фактор. Пример кај нас во фамилија сите се слаби и од моја и од на мм страната.
Нема што да се грижиш. Хемоглибинот не ви е до толку лош. Плус сега нагло ќе расте и скоро кај сите бебиња тој период опаѓа. Ќе се среди со тек на време. За килажата уште помалку. Сигурно е отиден во висина. Има и месеци кога може да стагнираат, посебно сега кога веќе започнува да биде активен.