Супер мила, наздравје да е. И бебка денес прими. Се збунав јас, мислев наредна на 6ти. А мм се запнал денес та денес, јас кузнај кај бев со паметот ко кажуваше докторката минатиот пат хахха. И одиме, вели ајде на вакцина и ајде прими, без многу плачење. И нема реакција. Лепенче ставивме и супер си е.
Во висина качува супер. Спие. јас ја доев ко ќе ни текне односно и давав на секое закенкување. Кога сака каде сака. Така правев и со син ми и тој супер напредуваше. Сега после ова мерење сменивме тактика. Дојам на 2=3 саата и за два дена крена 100 грама што е супер многу. Тоа ни била маката. На малку се заситувала. Не посегнав по ад и го најдов проблемот.
Да, јас така го броев. Не се оптоварувај со конкретни бројки и математики. Битно е да мочка пелени, да цица... Колку качува?
Не ставив лепенки ништо такво, оставив самиот организам да се бори со вирусите ако нешто тт ми качи до 38,5 чепче ќе и ставев и готово, има некоја занимација некоја нозите нагоре ги дига само што испаднавме од кај докт.ја легнав да ја облечам она нозите нагоре знаев дека ок ке бидеме...
Да се вратам наназад во темава ќе видам.дека со син ми бевме сосема друга приказна, беше буцко Мала беба сега Родилна- 3.350 51цм Испис-3.170 1 месец =4.390 2 месец =5.700 3 месец = 6.500 4 месец = 6.750. 65 цм 5 месец= 7.000. 68 цм
Родилна тежина 10.12.2018: 3000г со 50цм. Испис на 18.12.2018: 2930г 25.12.2018: 3170г 03.01.2019: 3505г 17.01.2019: 4010г 11.02.2019, 2 месеци и еден ден: 4770г, 56цм 11.03.2019, 3 месеци и еден ден: 5515г, 59цм 10.04.2019, 4 месеци: 6285г, 62цм 10.05.2019, 5 месеци: 6815г, 65цм 10.06.2019, 6 месеци: 7255г, 67цм 10.07.2019, 7 месеци: 7820г, 69.5цм 09.08.2019, 8 месеци: 8305г, 71.5цм 11.09.2019, 9 месеци и еден ден: 8400гр, 73.5цм 10.10.2019, 10 месеци: 8700гр, 74цм 13.11.2019, 11 месеци и 3 денс: 8770гр, 75.5 цм Пак се загрижив, едвај 70гр последниов месец качил. Нема да ја триплира родилната тежина. Се мислам дали малку му давам да јаде? Дали доволно хранливи состојки внесува во текот на денот? Матичната ми вели ништо страшно, ама се загрижив ептен. Појадокот му е баш обилен, јаде житарка некоја со 2-3 овошки, околу 350гр секое утро. После има ужина пудинг Хумана, или кисело млеко со овошка некоја. Ручекот послабо го јаде оти не е многу по зеленчукот, ама отприлика околу 150-180гр јаде зеленчук со месо. Потоа цица кога се враќам од работа, и вечерата му е млечна каша на Хип со житарка и овошје. Каде грешам? Што да му давам за да качува повеќе? Инаку е ептен активно бебе, лази нон стоп, не престанува да се движи. Весел е, полни пелени.
Немаш апсолутно никаква причина за грижа или да си викаш дека грешиш . Супер си е , јаде предобро ко што кажуваш внесува доволно се , уживај Не мора секое дете исто да е нели , не секое триплира , битно е се останато да е ок . Килажата допрва ќе ти изгледа ко да не мрда , сега ќе става во висина , и килажа ќе разредува тек коа ќе прооде активно почнува се . Мојава е 2ипол год и е 12кг , да да и е здрава права да не е за подрек . Активна е цела ден , не седнува буквално , не преспива денски и супер изгледа . Уживај супер е детето така треба да си биде
Ние сме качиле 700 гр и пораснал 4cm за 17 дена. давам да цица кога сака, мислев неам доволно млеко ожи му давав 1 дохрана. Од денес само на цицање и на диета.