4месеци и 17 дена 8800 г 65цм 5 месеци и 10дена 9100 71цм некако малце напредува во килажа последниве 2месеци
9кг има на 5м. И се секираш? Мојата родена 3800 на 12м беше 9кг. Не е воопшто малку. И синчето со родилна 4400, на 6м не ја дуплираше беше 8400. Океј е, ако е на доење е одличен напредок.
Моето, женско, се во просек оди, ни горе ни доле, за разлика од брат ѝ ... Родена 3350, 51 цм 7 м =7800, 72 цм... (според погорните бројки на @hristinan12 моево е живо неурането),
реални се бе маци,сигурно нема да лажам за килажа хахах малце напредува мислев на тоа дека само по 300г месечно,првите два месеци многу качи на килажа. а иначе од 4месеци почнавме со воведување кашички,моментално има еден оброк насабајле значи не е само на доење.
Сите бебиња се различни, различно растат и напредуваат. Моето на 2 месеца беше измерено 70cm. Висината одговара на 8 месечно бебе, а докторката ни кажа дека само 3% од бебињата се толку високи на таа возраст. Така што, не е во ред да се споредува зошто секое бебе различно расте.
Тешко на малото ако крева и понатака ко првите два месеци, за било кого е лошо да крева по кило месечно и понатака. Нема да може да се преврти, не па да оди. Мајка природа си знае колку треба. Знаеш дека не треба да го седнуваш додека само не се исправи во седечка положба? Поради тежината може 'рбетот да страда.
Колку месеци има сега и колку е високо? Прв пат слушам бебе на 2м 70 цм. Мојов е роден 56 и на 2м беше 63 и беше во ептен над просек бебиња со висината. И сега е 4ипол год, а висина има за 6,7г дете 120цм.
Докторката го измери 70 на 25 декември, ја го мерев сама вчера, го измерив 71. Денес е 11 недели точно. Татко му е висок и во 1 одд бил 150cm, па ваљда гени.. Никој не ни верува дека е толку мал во возраст кога ќе го видат.
Стварно е машала голем тогаш Ретки се стварно, кај синко во група во градинка само он и едно девојче се толку многу високи, па верувам до 1во одд и тој ке е толку Сега на 4г носи 31 на нога... џинче ми е. Ке ги правиме кошаркари Ние не сме ептен, ама јас сум 180, мм 192. Ама синко мислам ке оди и над 192 зашто ни јас ни мм на таа возраст не сме биле толкави
Не го седнувам,ама кога го држам во раце седнува сам дури и нозете си ги става така во уста ,мене ми е малце језиво тоа што го прави,а кога е легнат го крева главчето како за да стане ама сеуште неможе да седне скроз сам ,сега на 30ти сме на ортопед па ќе видиме таму што ќе ни кажат
Тоа што го прави сам, нека го прави, не го спречувај. Битното е ти да не го форсираш да прави нешто што не го направил сам.
Тежините и висините на вашите бебуши, палчица моја ќе ги има во прво одделение Се шалам. Секое бебе е различно. @hristinan12 Супер сте. Баш гледам 5 и пол месеци е бебето и има 1 кг плус од дуплирана родилна. Мојата уште 1 недела 5 месеци ќе полни и +1 кг од дуплирана родилна имаше на 4 месеци. Но родена е 2500 а сега е околу 6300. Се роди 45см и се надевам дека сега има 60 см Па споредбено со твоето е џуџе. А си напредува Супер.
Не е до млекото, до бебињата си е Мојата и цице и ад и пак манекенска линија држеше Синко само на цице, подобро напредуваше. Така да до гени си е, и до апетит на бебињата