Една од најдрагите бебешки теми, темата во која имав навика да ги запишувам промените, ги премолчував стравовите и темата во која морам и официјално да се одјавам. Нека стојат тежините на девојчето мое како потсетник на сите оние кои имаат бебе на 5 месеци потешко од 10кг. Нека биде поддршка на сите оние мајки кои ги гриза сомнеж дали е се во ред и зошто токму нивното бебе има тежина на 4 месеци на едно годишно дете. На сите оние одвратни коментари и набиени стравови дали тироидната функционира или не функционира правилно. За сите оние контроли на тежина каде добиваш очи со прекор зошто твоето мајчино млеко е толку јебено калорично. И знајте дека на крајот секогаш се завршува добро. И мора да биде добро зошто тоа се здрави и прави деца кои ете напредуваат и до 2 кг месечно. Дај боже сите така да напредуваат како нашиве. 11,5 месеци завршна у6 контрола за прва година. Тежина 13.100кг Должина 82цм Графиконот изгледаше совршено за прв пат од кога е родена. Сега манекенка ќе ја правиме како што јаде се кој знае дали до 13.200 ќе стаса следна година. Од 9,5 месеци до сега има нула килограми додадено. Кога беше проблемот со дијареа беше 13.200 сто грама е ослабена во меѓувреме. Не било проблем може сега и да слабее со движење. Најкриво ми е што бутчињата преслатки се топат и тенчат. Одјава дечки
16.08.2019, Родилна тежина 3260гр. 50цм. Испис 20.08.2019 - 3110гр. 23.08.2019 - 3290гр. 26.08.2019 - 3430гр. 12.09.2019 - 4110гр., 53,5цм. 2 месец, 21.10.2019 - 5250гр., 58цм. 3 месец, 18.11.2019 - 5860гр., 61цм. 4 месец, 16.12.2019 - 6260гр., 64цм. 5 месец, 20.01.2020 - 6670гр., 66цм.
ХахаХаха баш така. Напредува палчица кон прасица. Повеќе во ширина како ќофте е. Да не треба диета. Супер ни се здрави и живи само. П. С. Како поминавте на преглед?
Здраво и помагајте Вчера бебо направи 5 месеци и нанконтрола го мереа има 6900гр, поправен е само 300 грама од претходниот месец што педијатарот смета дека е малку ,а роден е 2700гр.Ми кажа да му давам два пати во денот ад млеко по 150мл и за 10 дена пак да се мериме.Ме загрижува тоа што бебе не прифаќа да пие од шише ,пробавме и вчера и денес но нејќе.ВАше мислење дали е доволна тежината и совет како да го научам да пие млеко од шише затоа што незнам дали имам доволно млеко.Притоа да напоменам дека детето си е весело не е плачливо и нема зелена столица.
Нема никаков проблем. Уште кило и ќе ја тридуплира тежината, што во нивните табели треба да се случи на годинка. Нормално е во еден период да стагнираат, или да стават повеќе на висина. Сега ќе биде далеку поактивен, почнува да троши и ќе намали со качување на тежина. Не ви треба ад. Тешко и дека ќе прифати. Целокупната слика ви е супер. Сите не качуаат по шема и по едно кило месечно. Замисли колкав би бил на годинка.
А што во случај ако снемам млеко,сега и тоа ме плаши пошто гледам не прифаќа шише пробано со повеќе шишенца и цуцли ама цице си е цице
Додека цица малото и стимулира, не снемува млеко. Колку цица толку стимулира. Ако полни пелени, најадено е. Нема зошто да се грижиш.
A дали почнавте со пробување вкусови? И ние вчера точно 5 месеци и почнав со вкусови за од 6 дохрана. До сега само цицаше. И 300 гр не се така малку за 4-5 месец. Мислам не ти треба АД. Сепак др треба да види. И јас бев за екслузивно доење до 6 но веќе ближиме кон триплирање на родилна тежина и морало да почнам со дохрана. Вчера почнавме со морков
Така ми рече педијатарот. Бидејќи побрзо растела беба и било потребно повеќе храна, па можело да се јави анемија. Исто и мене ми беше чудно и прашав. Плус и јас сум анемична.
Родилна тежина 2550гр - 47 цм 1 месец - 3740 гр - 50 цм 2 месец - 4700 гр - 52 цм 2 и пол месеци - 5250 гр - 55 цм