Roden 4.330kg 52 cm Ispis 4.000kg 23 den 4.710kg 2 mesec 5.820kg 59cm 3 mesec 6.420kg 63cm 4 mesec 7.150kg 67cm
Фри, ја имам видено Емили на слика во скриено катче, и баш ради тоа ти го барав мислењево во темава. Моето момче се роди 3780гр со 53см. На 4м и 9 дена тежи 8кг и е долг 67см. За 1 месец ставил 1кг. (Сега веќе требало по 400,500 грама да качува) Уште претходниот пат педијатарот ми спомнуваше ааа ќе го ставиме на диета. Сега пак нешто спомнува диета,не можам да ја сфатам дали е сериозна. Инаку сме на доење, станува и ноќе некогаш 2-3 некогаш 3-4 пати. Таа вели ноќе не му давај да цица,ако се разбуди презаспиј го. Пробав една вечер, бебе нервозно прета со нозе,мава со раце пишти. Дадов цице се смири. Пробав вчера со вода,тегне влече гладно, немаше цицано 4 часа,извадив цицката. Дење цица на 3,4 некогаш 5 саати. Не е дека по цел ден виси на цицка. Дали да ја сфатам сериозно или да не се замарам, ме интересира тебе што те советуваа педијатрите? Инаку од 5+ рече дека може да почнеме со пробување на вкусови.
Никакво кратење на цицање оспбено не пред 10 месеци. Она на нејзиното нека му стави диета слободно. Овде имаше после шести месец само препорака од два саати на три да ја дојам. Емили нон стоп беше на цицка до 11 месеци затоа и стаса 13 кг. Ама од дохрана до сега има качено само еден кг. Фактички самиот организам од себе ќе успори. Од девет месеци нема ни грам ставено, дури почна и да слабее. Затоа дој без грижи.
Фала ти,многу ми значи споделеното мислење од лично искуство. Повеќето на форумов ме советуваа да си продолжам како и до сега,мало е на 4м да го одбијам од ноќно цицање( не ни можам).
Уште нешто, чим супер напредува дохрана од шест полни. Нема потреба да му трупаш желудник за џабе. Јас така одлучив за моето. Фала богу никад не пројаде и од три да и давав исто ќе беше. Нервозна е дохраната чувај си ги нервите
И јас да се замешам До 4 и пол месеци беше на ексклузивно доење стигна до 9300г точно, потоа продолжив со цврта храна и доење, никој не ми рече ни диета, ни не му давај ноќе, моево спиеше на цицка скоро до 13 месеци, пробував да не давам ама не беше мн успешно. Сега стагнира, се должи и воопшто не е дебел гледај моево на иста возраст било за 1400г потешко од твоето а матичната ми велеше нека си цица супер си е машала Еве мој пост до година.
16.08.2019, Родилна тежина 3260гр. 50цм. Испис 20.08.2019 - 3110гр. 23.08.2019 - 3290гр. 26.08.2019 - 3430гр. 12.09.2019 - 4110гр., 53,5цм. 2 месец, 21.10.2019 - 5250гр., 58цм. 3 месец, 18.11.2019 - 5860гр., 61цм. 4 месец, 16.12.2019 - 6260гр., 64цм. 5 месец, 20.01.2020 - 6670гр., 66цм. 6 месец, 18.02.2020 -6760гр., 67цм. Има некоја искуство да сподели, бебе да стагнира во килажа и истовремено и во висина?
Не се грижи. Цело време сте во +. Така ми велеше педијатарот. Ако полни пелени и е весела немате гајле. Моја другарка се породи во април значи 4 месеци поголемо бебе од моево. Само цицаше до 6 и слабо напредува. Ист број пелени носиме 4. Вака да ги видиш само подолго е нејзиното. Мојава потопчеста е. И нормално ментално понапред, лази, се исправа вика Мама.. . И до сега немале никаков проблем. Гледам на наша воздраст има бебиња по 10 И кусур кг. Нашиве манекенки ќе ги пуштиме. Па ви реков јас 10кг мојава во прво одделение ќе има. Џуџе мајкино уште за3 месеци боди носи. П. С. Кога ќе можам да влезам во скриено катче? Со колку постови? Сори муабетов не е за овде ама ми текна сега
@Yowannty Не стагнира бе, идете у плус. Само на доење ти беше, нормална е килажата. Кон 6 ти месец не качуваат толку многу. И моето има нецели 100 месецов.