Мојот имаше намалено во тежина помеѓу 5ти и 6ти месец, околу 300г. Докторката ми рече дека е нормално зошто е многу активен и да воведам два оброци и месо за да може да зголеми тежина. Така да не се секирај, вие сте во плус.
Супер баш ми е мило. Ете гледаш,нели на година треба да се од 12 до 15 кг ( пак со тие просеци) твоето било 13.5 пак во граници на нормала. Знам дека стагнираат после 5ти,6ти месец. Фала
@Presrekna со 100 мислења треба да можеш да влезеш во скриено катче. Така беше правилото. Да не го бараш во бебе темиве? Види најгоре под Кафе муабети е. Или ќе ја тагнам @Dream-Girl оти не стои кој е модератор таму, па може знае да не нешто смениле во меѓувреме па да ти каже. едит. ми текна дека ти веќе имаше постирано таму слики со мешето дур беше трудна. Значи достапно ти е.
Да, со 100 мислења може да ја гледа таа категорија и да пишува таму, одамна го има тој услов исполнето. Таму Реин само модерира. @Presrekna категоријата скриено катче е под категоријата кафе муабети, провери убаво. Мора да ја имаш.
На година треба да е до 12 кг, односно да ја тридуплира родилната. Нашите со на @lackygirl на шест месеци го срушија просекот Ако подразмислам на три месеци веќе беа 9кг и не можевме во раце да ги држиме. Јас не знам како 5ти месец го преживеав нон стоп во рака сакаше околу 12кг. Што плачки удривме по темиве во раце сака и никако поинаку. Раце ти паѓаат половина откажува беба се смее не ја собира ни во релаксатор ни во кенгур. Релаксаторите први ги собравме мојот некој смешен до 12кг на 5ти го собрав.
Родени 5.12.2019 - 2340 со 47цм. испис 2370 13.12.-2420 23.12 - 3050 03.01 - 3545 17.01. - 4260 07.02 - 5200 а во цм од тогаш сеуште не сме мерени, според педијатарот на 3 месеци следно требало, па сеа следно ке видиме колку сме пораснати
Скриено катче е посебна категорија со теми видлива само за членовите на форумот кои имаат повеќе од 100 мислења. Се наоѓа веднаш под Кафе муабети.
Роден 3220гр, 49цм Испис 3.080 гр 1 месец-3.680 гр 2 месец-5.035 гр 3 месец-6.015 гр, 60,5 цм Со децималиве сум...
Роден 28.12 3040, 50 цм, испишан 2970 02.01 - 3120, 51 цм 14.01 - 3520, 52 цм 10.02 - 4900 и нешто, 58 цм 11.03 - 5800, 60 цм
Мајки ќерка ми за месец ипол има напреднато 950 грама. Матичниот ми вика дека било одлично ама јас сум малку скептична. Вчера рачунав и ми испаѓа по 21 грам дневно а тоа е премногу малку. Иначе сме 3 ипол месеци и само на доење, а и она си е весела, редовно полни пелени. По ваше мислење каква е ситуацијата?
Супер си напредува. И мојата само на доење прв и втор месец по 1кг качи, а од трет натаму по 600г качуваше па после 5 натаму на околу 300г. Еве ја сега 10м, 8500 е, а се роди 3600 а веќе и јаде и ок изедува, ни многу ни малку, ама па и мнооогу е активна. Ни 1 мин не седнува. Лази, станува, седнува, се движи фатена за креветот и така...Слабичко бебе е, ама таков ни е и генот и мојата и на мм фамилијата се слаби сите. Не се сите луѓе а ни бебиња исти и штом си напредува не и се секирај.