Последно мерење за одјава од темава. 77-8цм и 9030 гр. Многу малку напредува во килажа месециве, последниов ни грам не качила. Ама супер си јаде (добро 10ина дена зафркава малку, ама не е страшно), веселка е, мочка, кака... Е не триплира тежина до година, далеку е, би требало 10 кг да има до сега. А не ми изгледа слабичка воопшто.
18.03. 7месеци без 3 дена. 7550гр. Пишам порано 3 дена но со причина денес триплираме тежина. Во висина не ја мерив бидејќи дома се вагаме. Не е повеќе од 66 см. Палчица. @thinkerbell да е здрава и жива супер сте. Мојата е родена мала 2500 со 45 см па ми рече и др дека побрзо ќе напредува до година ќе се изедначи со врсниците. Денес пред 7 месеци триплиравме родилна но сеуште е мала и има тежина колку некои бебиња што се на 4-5 месеци. Битно да се здрави и живи и што викаш расположени. Чекај не во другата тема за неколку месеци
26.12 родилна 3450 29.12 испишан 3300 26.01 1месец 4000 26.02 2 месеци 5670 24.03 3месеци 8000 некој совет некако многу качува во килаза незнам дали е нормално ,цицаме а му давам и ад по 90мл 3-4 пати ако не му дадам плаче а да му дадам и повеќе ќе испие ама незнам што да направам ,некој со вакво искуство
2330 напредок за 1м? Тоа е многу. Пробај постепено да намалуваш количина на ад заигрувај го,исфрлај едно по едно. Ние на 4м кога се меревме беше 7800, и тоа беше многу за таа возраст а имаше напреднато 1кг,па мрчеше педијатарот
да баш за тоа и прашав од утре ке почнам да намалувам по 60 и да мозам да го исфрлам дека ваква ситуацијата не ми се носи на ортопед, е сега ме буни кога цица и нема веќе млеко се тегне и плаче ама денес кога го мерев гледам дека е многу , на почетокт др ми вика гладно е даво ад такво е лакомо детето ама страв ми е некој проблем да не направм со прекумерна тезина.
Бебе последно е мерен на педијатар 05.02. Денес ми текна дека ич не е мерен, го вагав на домашната вага ми дава дека е плус само 500гр. Значи за скоро 2 месеци само 500гр. Моментално е 8600гр. Знам дека помалце ќе накачува, ама нели е многу малку ова? 7+ е иначе. Јаде, цица се нормално. А го мерев извишен е доста. Се насекирав.
Мајки дали е добро само 600г за еден месец само на доење сме скоро 2 месеци. Првиот и вториот месец по 1.200гр качуваше и бевме откако се роди 45 ден со дохрана
6 месеци, околу 9кг, горе доле мерен на вага со се мама Должина повеќе од 70, не седи мирен да измериме
Роден 28.12 3040, 50 цм, испишан 2970 02.01 - 3120, 51 цм 14.01 - 3520, 52 цм 10.02 - 4900 и нешто, 58 цм 11.03 - 5800, 60 цм 16.04 - дома мерен околу 6600, 64 цм
Mio se rodi 3230gr i 50cm, na 10 meseci beshe 85cm i 10.360gr Toa ni beshe posledna kontrola poradi virusive ne sme otideni a napolni godina na 26.03