За 5 дена правиме 9 месеци , вчера мерена на педијатар 9950 гр , 75 см По 6 месец почнуваат повеќето бебиња да стегнираат во килажа , особено кога ќе проодат , кога ја носев првата ќерка по годинка на педијатар два пати по ред немаше качено ни еден грам уживајте..
Имаш, бебе сака близина, топлина, сака да те осеќа, да си игра, да се гали со тебе, првите месеци се нон стоп на града, не секогаш е глад во прашање. Нсмалувај Ад и ставај го на града толку колку што бара оно доколку сакаш да сте на цицање. Јас од старт ја цицам на захтев, не по саат. Првите 2 месеци ми беше ептен тешко пошо нон стоп залепена за мене ама иде период кога учат колку им е доста.
Моето бебе Родено 2640 Испишан 2500 Намалено на 2340 дома првата недела А сега сме 3 ипол месеци и сме 6.100
Софи и кај нас исто Вчера го носевме кај Живковиќ, за месец качил 130 г само, вика малку е. До сега убаво напредуваше. На АД сме, ми рече да му накачам, а нашево едвај по 90 до 120 јадеше на оброк Сега вика 150 мл да јаде За 10 ден сме пак на контрола за тежината, па да видиме. Инаку роден е 3950,а сега 6ти месец има 7950 гр.
Родилна 4.050 сега на 6 ипол месеци 7.100 и јас се загрижив дека малку качува ама педијатарот ме советува дека е ок и дека поголеми родени бебушки качуваат помалку на килажа па некако ми олесна, инаку има два оброка и плус цице и Ад, али последниве три дена некако едвај ми го пие млекото и несака да цица некој со ваков проблем да пише ?
Не е точно дека поголеми бебиња помалце качуваат Твоево по 500 грама качувало на месец во просек, првите месеци повеќе качуваат,после намалуваат. За цицањето,види да не растат заби
Треба околу 25 грама дневно во просек да напредува. Ако за 3 недели од 3330 на 3900 сте Супер е. 27 гр денот одите.
Колку биле/се високи вашите бебки на 11 месеци? Јас денеска го мерев дома со метро и висок е 78цм а тежок 11.250гр.
Крупно бебе машала! Јас палчица си имам. 10 и пол месеци е 8800-8900 гр. 69-70 см. Но во споредба што е родена 2520 со 45 см одлично напредува. Економична е. Сеуште носи 6-9 месеци облека.
Аи аи кога ве читам сваќам дек е црв. Мајки за 2 недели само 100г качивме.. 5 и пол месеци 6.500, почнавме со кашички ама не е голем лапач, поќе сме на цицање.