Најлоша препорака што може педијатар да ја даде ,тоа е строго забрането да се меша така АД.Мора да е на 30мл една лажичка,не сум во Мк ,па тука никој не препорачува ,кога кажав на педијатарот се чудеше ..може многу проблеми со мешето кај бебето да има..
Тотално си во право, од старт е на ад мерилото ни е секогаш точно и времето помеѓу оброци е 3ч и бебе никогаш немала проблем со меше. Многу често се случува ова абе поретко направи го па гладно е бара а не сфакаат дека така полошо прават
Немал ни грчеви откако е роден и ниту еднаш проблем со мешето. Тоа траеше кратко, недела дена, за малце да стагнира во тежина.
Уште малку 11 месеца 8400 со 69 цм. Доктор ми вика килажата супер била ама јас сум скептична и си мислам дека некако како да не ми е ногу напредната.
@haruki @Ceculka Можеби не е добро така да се прави ад со помалку дозерки од препорачаното за милилитрите вода. Но тоа не значи дека ако се прави прсвилно бебето ќе нема грчеви еве моето од како почнавме со ад а и на мајчино кога беше си има грчеви и гасови и покрај тоа што го растварам млекото точно како на упатството на толку загреана вода па после го ладиме на 37 за да може да пие ..... И на почетокот бараше на 2-2.5 часа ... А сега си пие на 3-4 а навечер врзува и по 6 часа
Не реков дека тоа е е единствената причина за грчевите. Адаптираните млека се со со причина на 3ч. И да како растат нормално дека ке го зголемуваат времето помеѓу оброците и ке сврзуваат повеке часа сон.
Родилна 3.480,49цм 1 Месец 4.400, 54цм 2 Месеци 5.785, 59цм 4 Месеци 7.205, 64цм 6 Месеци 8.175, 68,5цм На ексклузивно доење,со воведување вкусови од 5+.
Леле машала, моево сега на 5 и пол месеци има 7 кг. Малиов да не си ја следеше кривата на развој, ќе пукнев од секирање како што ве читам.
Не си ставај на срце, тоа се само бројки. Има многу побитни работи за целокупниот развој на бебе од толку и толку килограми на толку и толку месеци. Тоа се само гени и ништо не можеш да смениш. За 20 години, колку и да е крупно сега бебето, ако има ген за 170, нема да се извиши до 190. Битна е среќата, а не постигнување норма.
@0ли важно е да качува,да нема некој долг застој,а колку ке качува е индивидуално.Јас и маж ми сме големи,јас сум 176 висока,а тој 195,следствено,и детево ке е големо,од гени нема појако. Ко што рече Мила,ич не си ставај на срце,чим е дете среќно и здраво,ич не е битно колкаво е.
Кога ги прочитав тежините на малото кога ги постираше ми дојде да ти пишам манекен мајкин,ама ај реков да не бидам погрешно сфатена И јас се нервирав, бидејќи малку ми изгледаше како напредува споредувајќи со други бебиња, но сфатив дека се додека качува на тежина и редовно полни пелени, нема простор за загриженост. Нашава на скоро 3 месеци беше 4400г ако ти е некоја утеха , малечка се роди, но и јас и мм не сме големи. Сепак како што кажа и @dunika генетиката игра најголема улога во растот и градбата, нека се живи и здрави само. Ние денес ќе ја одиме на контрола па ќе видиме колку пораснала манекенкава наша
Ич да не се секираш битно е да е здраво право ,за килажата да не се замараш ,син ми е соленка 3 год и 3 мес. е и има 13кг.сите деца на негова возраст се над 17кг колку што читам ама јас не се замарам на почетокот ми беше малце така глупаво ама веќе не па детето ми е здраво тоа е најбитно .Маж ми е ситен ,кај него во фамилија сите се ситни и ниски така да имаат право генетиката игра голема улога .
Нема застој воопшто, си качува редовно. Весел е, среќен, си јаде, многу е динамичен и не застанува, кака и мочка, цица и пие ад, лапка тоа што му давам за вкусови. Не е некое слабувче, има бутки и обравчиња. Пред да направи 5 месеци дуплираше родилна. Не бе зошто погрешно да сфатам, така е @elcezelce И јас и мм не сме некои високи луѓе
@0ли јас сум 180, татко имам 2м, брат од неполни 16 години 188 . МаШ е колку мене, мож и пола см понизок. Константин е просек. Испадна понизок од негова врсничка што родителите и се пониски каде каде. На бабата од маж ми фатил висина. Мика е ко мене свирче долго ко шпагета. Не ги мери децата среќо. Секое кое не е од педијатар предупредено дека претерува и дека е ок штом вели е супер.