Ете и моето е пример за ова, на 3 месеци беше 67цм, а ни јас ни татко му не сме којзнае колку високи. Ама затоа 1кг послабо од твоето било тогаш Во должина супер иде ама на тежина лагано, не се брзаме
На родилниот картон од Ремедика има крива што покажува колку треба да има килограми и колку да е долго по месеци. На секоја контрола докторката ми обележува на линијата. Мислам дека според СЗО е и како е нормално. Но си имам и апликација и внесувам килажа со датум и се означуваат точки на кривата линија, Child growth tracker се вика. Нормално е во почетокот да качуваат повеќе, а потоа поблаго оди кривата нагоре.
Само да се живи и здрави.. Еве мојов е мал, што да правам. Јаде да е жив и здрав сѐ, крвта му е супер. Не е дека има некои специјални гени да расте голем, но не напредуваат сите деца исто. Јас на 7 години бев скакулец 20 кила, тука по темиве читам 3 годишни деца толкави. Сите беа поголеми од мене, сега не сум којзнае колкава, ама 170 сум, повисока од 90% што беа понапредни од мене како деца
Мојата висока 74 а тешка 6.500 9ипол месеци сме. Не јадеше јанѕа зошто не качува како другите дечиња. И во државна на клиника за детски болести не испрати матичната да одиме. Ми се згазија од смешки Вика што барате тука кога и ти и маж ти сте биле ситни, од вас наследила.
Еден update од мене од денешната контрола, 4месеци (без 3 дена) 4900гр Должина 59цм Џуџе Инаку родилната тежина и е 2800гр, само на доење сме се уште, имам надеж дека ќе ја дуплира родилната до 6 месеци.
Ништо не мора да значи тоа. Може кога ќе почне цврста храна да ручка ќе качи. Мојов на 3ипол месеци 6 кила беше, еве сеа на 10 8 кила е
Оли кој перцентил го терате? 25 или 50? Мојата се роди 1900, вчера полни 3 месеци е 5320. Докторкава вика може малку да успориме и да го следиме 25. Јас дека малку сум опседната, па да го споредам мојот overachiver до кај е.
Нее. На 25 стигнавме и докторкава вика да го држиме - убав перцентил бил. Инаку бевме испод 2, односно ја немаше неа на графата ептен нагло стигнавме до тука. Е сега, сигурно ќе успориме. Време ми е да се опуштам
Само што ги внесов сите податоци во апликацијата и сега не разбирам дали е ок. 50 перцентили е како средина или 25? Мислам глупо прашање ама дека ти рекла така докторката.
Перцентил значи од колкав процент бебиња на негова возраст твоето е поголемо. Што поголем перцентил, тоа поголемо бебе. Моево пример може 25 е.. Ова за перцентилите, инаку не знам каква е таа табела
Опушти се, ќе боде добро. Поспоро после качуваат, нормално е. Сигурно има влијание и тоа што се подинамични, поголеми и повеќе трошат.
Која апликација ја користиш? Мојата има иста таква табела и сега со објаснување од Оли и Чери ми е јасно што значи сега за сега сме на средина, иако прерано е да се каже било што, тек следи варијација во тежина, па ќе видиме. Битно ми е што сега знам што значи
Ок си е све. Само се следи напредокот по кривата. 50 е супер. Тоа значи дека детето е подебелко од 50% врсници. Објасниле погоре. Златна средина