7 месец 8420, 70цм Педијатарката вика ова била килажа за 1 годинка бидејќи е роден со помала килажа, јас сепак мислам дека си е таман.
Мајка моево на 4 и 5 месеци качуваше по 200 грама месечно. 8200 е на 10 месеци. Ако си јаде убаво и е весело и крвта му е океј, што се замараш со килажа. Мојов на 7 ипол месеци кога беше настинат пред да вади заби беше 7700. И ниско е. Ама турбо е цел ден, си крка си кака. Не се замарај, како можеш да му качиш килажа со сила?
Со сила неможам но не и е ни потребно голема килажа. Весела е, цица, јаде кога како. Овде кај нас не проверуваат крв незнам тоа како и е. Другото до сега си е океј.
Таман си е! Супер си е тежината. Тие пак тие педијатри, со чест на исклучоци, аман од нивните коментари! И кај возрасните тежината се покачува, се намалува, излегува од нормала, па што да речеме?! Ниту кај бебињата не е по некоеси правило. Со колкава тежина е роден? И мојов е 8 кила и нешто, со 70 цм, мислам. Кај е тоа тежина за 1 година, жити сѐ...
Може мислела за тоа бебе што било родено со помала тежина, па да триплира до година. И мојов може до година ќе триплира, 9100 треба да биде. Ама мислам како што тргнал дека нема. И голема работа
4 месеци и 9 дена... 6500 кг 68цм....родени 2940 49 цм ( и јас и тато сме високи па растеме во должина)
Синчето е прематурче и воопшто не е јадач, но најбитно ми е дека напредува. Не се сите деца исти, со некои ќе се молиме за јадење, некои ги ставаат на диета, нека се живи и здрави само. Роден 2440 гр, 46 см Испишан по 10 дена со 2060 гр 1 месец 2700 гр 1 и пол месец 3280 гр 2 и пол месеци 4070 гр 3 месеци 4400 гр 4 месеци 5000 гр 5 месеци 5600 гр 62 см
Денес мерен дома 8кг на 3 м. и 1 недела. Утре сме кај матичната на контрола ќе видиме колку ќе го измери и она и должина и тежина.
Роден 4050 гр , 54 см Од болница е изваден 3760 На месец ипол - 5400 , 58 см. На 2 м и 10 дена на вакцина 6650 гр 63см Денес на 3 м и недела 7960, 68.5 см мерен на контрола кај матичната.
Роден 3500 51цм 7 дена контрола 3480 23 дена контрола 4050 кг Висина немам Зошто ми кажаа дека е многу знае некој? Гледам горе доле сите килце на месец накачувате
Така викаат врска немам зашто,демек гојазност ќе сме направеле, па и на рестрикции као на 3 саати да давам. Не се секирај, чим напредува одлично е...