Давај и витамин за отварање апетит, не знам кој беше, прашај ја докторката или во аптека прашај што може да даваш, не се секирај, период е, ќе помине
Сируп wellbaby и ацерола ни рече да пиеме по една таблетка од 40мг. Те молам ако знаеш некој витамин што би можел да помогне освен овие ? Плус настинати и со растечено носе сме два дена.
родена: 3100гр, 52цм на испис: 2900гр 1 месец: 4300гр, 59цм сега ми е јасно зошто пројдовме низ период cluster feeding третата недела.
Роден 3900гр.- 52цм Испишан - 3630гр. 1месец 4380гр. - 57цм 2 месец 5650гр. - 62цм 3 месец 6350гр. - 67цм 4 месеци и 10 дена 7050гр. - 69цм 6 месеци 7620гр. - 71цм 7 ипол месеци 8550гр. - 73цм 8 ипол месеци 9кг - 75цм 9 ипол месеци 9400гр. - 76цм Дали вашите бебиња ја триплираа тежината на година? Некако тешко ми се гледа да стигне моево.
Мислам дека тоа не може секогаш да важи. Ако е така, твоево скоро 12 кг треба да има, многу е тоа некако, да земеш да го храниш за да се здебели 2,5 кг. Моево има 9, а ако е така, 9900 до една година треба да има, не верувам дека 900 гр ќе качи за два и пол месеци освен ако земам да го товам. Баш Каетана пишуваше во Доење за ова дуплирање и триплирање.
@Jana06 не важи секогаш за сите деца некои се поголеми родени некои помали, мојата ја триплираше на 7 ипол месеци дека е помала родена, битно е да се здрави а за килажата дали ќе се 9,10 или 12 кг не е толку важно
@0ли @Chuchanov Фала ви, го делам истото мислење и со ова не се замарав освен на 6 месеци кога пазев дали ќе ја дуплира Муабетот е идеш на педијатар, ти го мерка детето и ти вика 'Колку оброци има' - 3+ужина. 'Хммм, па вака добро ми изгледа' и со зачудена гримаса гледа во картонот. Ја прашувам што е проблемот и ми вика 'Па за 2-3 месеци треба да има 12кг'. Јас ваква Нема шанси да ја постигне таа тежина. Се замислив ама брзо се вратив во реалноста зашто знам дека особено тие педијатри во диспанзери се држат строго до тие некои 'правила' од книга, а детето си го гледам си јаде супер, весел, активен и си викам ај батали. Ама пак си реков да ве прашам и вас.
За да се исполни нивната норма, треба по 1 кг месечно да го дебелиш, што за оваа возраст мислам дека е многу. Уживај си, важно јаде, си качува редовно, весел е, игра. Троши повеќе бидејќи не застанува
Моето се роди 3050 сега сме 7++ и е 8.600. Дај Боже вака да си продолжи да си јаде и да е здрав мислам дека до 9ти месец ке си ја триплира килажата,а до роденденот ќе ја квадруплираме .
Мојата е родена 3870 кг . На шест месеци ја дуплиравме но на година не верувам . Веќе 10+ а 9 кг. На година околу 11.5 кг треба да бидеме а како што не јадеме ни 10 нема .
Значи скоро исто се родиле и јас се чудам цел ден како би ја триплирал. За јадење досега беше супер освен 2 недели кога ми правеше проблем долните кецови кога ги вадеше. Сега почна горните и пак протестира. Не верувам повеќе од 11кг да биде на година, а и не мора, нека се живи и здрави само.
Ние супер напредувавме до 7 и нешто месеци но откако почнаа долните запчиња почна да не јаде , еден месец скоро ич ни по еден оброк не и се фаќаше. Две недели само е на цицање но што е тоа е. Да се живи и здрави само .
Леле кога зборите за тежина срцево ме стега. Мојот е манекен со 7кг, до година нема шанса да стигнеме 9600гр. Не личи воопшто слабо и многу е жилав, постојано мрда, не застанува. Сум пробала и повеќе да му дадам да јаде ама ако го преполни мешето обавезно повраќа, така да не го форсирам. Манекен на татко му ќе биде. Мм порано беше коски и кожа, сеа веќе има и салце, убаво го ранам