леле да како напредуваат машала веќе почнува да не се држи во раце Ама нека си ручкаат нека растат , после 5 /6м мислам помалку ставаат..
Не знам искрено така викаат, ама нека ручка супер е. Моето со 4 месеци 8400 ќе има, едвај во раце го држам, а за нишкање пред да спие во раце нема шансиии. Колку се роди твоето?
Исто или количка или креветче да го лулаш само . 4100 се роди 4080 не испуштиа на 5та ден од болница , сега за 10 дена 3 месеци. А цица мн брзо по 10 15 мин подој .
@Poppins Браво мајка со цицање сте само? Мојава дека од една града цица помалце ми напреднала месецов.. Пиеш нешто за млеко?
Да И он не цица активно од двете гради т.е ретко подој и од двете гради , речиси секоаш една града , од другата малце така само . Јас лакта микс пиев до скоро секоа ден по чаша две , сега веќе преку ден два , за грчеви пијам чаевите и секоа ден овес со јогурт и додатоци обавезно јадам , јаболки исто , шо знам нормал се ништо плус неам сменето , и мајчина душица често пијам чај незнам дали влијае и она , во лакта микс а има во состав , јас ја пијам и плус природна варам по чаша на ден или преку ден
Е сега не знам и јас дали ми е од молзеното или ад што ми напредна вака добро, ама ќе продолжам со исто темпо како до сега. И мојот е лаком доста ако закаснам со млекце вреска.
Исто денски ако заспие подолго 2-3ч без будење и се буде и сирена максимално гласна , ни минутка не чека Продолжи си така супер сте , нека полне меше
Исто и моето цица на 3 часа по 10мин максимим трае подојот, а качува на килажа многу....мене тоа ме буни. Првото дете висеше нон стоп на цице, еден подој еден час траеше, сега второто точно на 3 часа, по 10мин максимум трае подојот, а многу напредува....
Браво како ви се збуцкани бебенцата секоја чест Моето ситно-динамитно, родена 2975гр, на 4 месеци мерена 5980гр.
Не секирај се. Ќерка ми напреднала само 250 грама за 1 месец. Докторот рече штом ја дуплирала тежината и си ја следи кривата, во ред е. Ама ќе ја пратиме почесто тежината. Само на цицање сме и сега пробуваме вкусови. Родена е 3030г сега е 5++ месеци тежи 6350г. Важно е весела, секоја пелена и е мочкана, кака поретко сега ама нормално било. Манекенка
Исто и јас. Кога ги гледам тука како се сите збуцкани. Мојава многу падна после втори месец така што на три месеци теже 5640 ,како почна на почеток убаво,ама се деси што се деси,тоа е ,нека е жива и здрава,маж ми вика манекенка ќе ја правевме. А и факт е дека машките се полакоми и повеќе јадат,така да не треба ни да се споредуваме.
Како да не, ќе се разочаруваш. Ние сите исто тежиме, исто сме високи? И јас сакам да сум 190цм ама како, кога моите се 170/180? А да би била 55кг мераци ама ете 70кг сум. Нема споредби, секое бебе си е своја приказна. Си имаат улога гените, колкави се родени, дали цицаат или се на ад, понатака колку и дали јадат цврста храна или се нејадачи итн. Најважно е децата да ни се живи, здрави, весели, другото е скроз небитно. Братучед ми беше многу крупно бебе, роден 4500 и лаком цицач. После 2 години не знам што му станало абе ништо во уста не сакал да стави. На слики кога се гледаме како помали коска и кожа е. Еве го сега висок дечко, набилдан, згоден специјалец. Сестра ми буце, со огромни дебели образи како мала, баш за гмечење, сега е манекенка, презгодна. Ич да не ве секираат бројките, да раснеа сите деца по ист терк ќе имаше графици со потребна тежина и висина. Графиците од сзо покажуваат статистика од бебиња на одредена возраст, не е правило дека сите исто треба да раснат.
Ми се случи да падне на килажа сега скоро на околу 10 месеци. Бевме на викенд надвор од Скопје со готови кашички, беше во скок со потечени горни кецови. Наеднаш почна да одбива храна, да плаче кога ќе види лажичка и ги јадеше само овошните каши. Немав многу избор во хотел што друго да му понудам и се спакувавме и правец дома. Полека почна да јаде со молење, со тинтрање и ја врати килажата. И така не ја триплиравме килажата на година зашто последниве 2 месеци со исхраната е боже мој Ми се плаче кога доаѓа време за јадење. Да напоменам голем цицач и јадач беше.