Големата од 8-9 месец почна да ми стагнира.Се си мислам од воведувањето на храна оти не беше по јадењето на каши, а на 7ми веќе лазеше.Претходо до 5 имаше дуплирано родилна ,мислев до 9ти ќе триплира ама не.Да не кажам беше како на доење , а лазеше и тоа не беше доволно за да качува. До година едвај 9кг.На доктор педијаторката не се многу потресуваше нормално велеше. Па јас одев по оваа табела и секогаш беше во нормала Се сеќавам пред годината ја мерев неделно на секој грам качен бев радосна. Spoiler: Табела
@Jana06 И ние сме исти. На цицање супер напредувавме до 6 месеци ,и јас мислев ќе триплираме ама ништо. На годинка едвај 9 ипол . Нишро не јаде ,со молење сме ама тоа е ... Еве сега сме со температура и нејадење па незнам до каде ќе стигнеме
Па цело време се движи од 37.4 до 37.9 Ноќеска 38 едно време имаше после нема еве и сега нема . Онака весела е само во очињата се гледа уморот и малаксаноста. Мачкам и со дентинокс гелче заради забите но не гледам сеуште ништо .
Кај мене откако наполни 6 месеци, го измерија скоро 8 кила(околу 7,900 ми се чини беше), роден 4,5 кила. Му рекле на мм „малку испод линијата, ама сеуште во нормала) и ми се стемни пред очи кога ми кажа. Значи доењето си го занемарив ради таа нивна проклета линија, плус откако тргнав на работа уште помалку дојам, детево јаде каши еднаш до двапати на ден, плус ад, плус доење, плус еден напиток што го има тука од овес и пченка и си качува килажа, ама не доволно според нив. Грамажа не гледам, давам да јаде и пие додека бара, кога ќе почне да плука и да се трга, престанувам. Морало да дуплира, а фактот дека се роди поголем го занемаруваат. Освен тоа, детето си е весело и здраво.
Моево родено 3960 па дека бил паднат 40гр не го вакцинираа со првата вакцина замисли ме вратија... Да сум зголемела доза ад. Сега па дебело било по 1кг и нешто накачува. И сега што да правам. Бебе мое е крупно од само рајѓање
Затоа ме иритираат тие нивни линии и статистики. Двојни стандарди, сами кажуваат да им се дава колку што сакаат да јадат и најбитно е да се среќни и задоволни.
Епа исти се значи нашиве. Бидејќи порано од 6 месеци ја дуплирала родилната, сега не било проблем да стагнира. А јас свесна сум дека нема 1кг да качи, ама барем у грамови да мрдне. Чудно ми е, јаде, пие, цица, весела е, полни печени, мочка, кака, а килажата иста. Е изгледа во висина е порасната, па ако е заради тоа стагнирањето, евентуално
Исто и кај нас, едвај по 10гр дневно ставила, за месец и пол 550гр. Ситна динамитна, јаде кога се молиме,кога со сласт, млекце слабо ептен молена, за нејзини 7мес едвај 600мл дневно врзуваме, ама тоа е ке пораснат и вака и така, престанав да се нервирам, им требаат здрави мајки, а тие и онака си растат здрави и весели со килажа плус минус Очекувам на година макс 9кг, оти 2800 сме родени, премија
7+ 8.200гр. Последниот пат (пред два месеца) педијатарот ја измери 7.100гр. значи мојата ставила по 550гр месечно.
Роден 2440 гр, 46 см Испишан по 10 дена со 2060 гр 1 месец 2700 гр 1 и пол месец 3280 гр 2 и пол месеци 4070 гр 3 месеци 4400 гр 4 месеци 5000 гр 5 месеци 5600 гр, 62 см 6 месеци 6100 гр, 66 см (20 см пораснат од раѓање) 7 месеци 6600 гр, 68 см + две запчиња 8 месеци - 7000 гр, 70 см 9 месеци 7200 гр, 72 см 10 месеци 7400 гр, 73 см + четири запчиња горни 1ци и 2ки 11 месеци 7500 гр, 75 см Едит: ја триплиравме родилната
Kako se racuna ova zdebeluvanjevo? Sekoja nedela odime na kontrola i vadat nedelen prosek kolku kacuvala dnevno, sega e 3 nedeli. Sledno mi rekoa na mesec i pol da dojdam na kontrola....e sea na mesec koj ke mi ja meri neam vaga doma