Не е за прематурчиња ама пример моево е осмаче и оди баш како што е по табелава. Машко е, се роди 2440, 12 месеци 7.8-7.9кг. Роден 2440 гр, 46 см Испишан по 10 дена со 2060 гр 1 месец 2700 гр 1 и пол месец 3280 гр 2 и пол месеци 4070 гр 3 месеци 4400 гр 4 месеци 5000 гр 5 месеци 5600 гр, 62 см 6 месеци 6100 гр, 66 см (20 см пораснат од раѓање) 7 месеци 6600 гр, 68 см + две запчиња 8 месеци - 7000 гр, 70 см 9 месеци 7200 гр, 72 см 10 месеци 7400 гр, 73 см + четири запчиња горни 1ци и 2ки 11 месеци 7500 гр, 75 см 12 месеци 7800 гр, 75 см. Ве поздравувам
моите се родени 31гн 1640гр и 1585гр имаме 4 месеци и сме 5700гр и 5300гр и баш вчера педијатарот вика за подебелкото да намалам млекце
Супер е, нека јаде бебе и нека си напредува. Моето е 5+++, пред 2 недели го мереа 9.200кг., со два педијатри се консултирам цело време ниту еден не кажа дека треба помалку млеко да пие.
Е и моето минатиот месец имаше качено 1кг и ме искараа дека било многу...а ти му даваш по побарувачка или по распоред?
давам кога бара, претежно навечер јадат повеќе, ноќите сега ги преспиваат ретко се случува да се разбудат, а дневните дремки се намалени ама подолго им траат па мислев прескокнуваат оброци нема да качуваат толку ама ете
Такви си се бебчињата можеби..важно да се живи и здрави, нека си ручкаат колку сакаат, лесно е да речиш намали му на јадење, ама не се педијатрите со нас кога вриштат за млеко
Јас мислам да си му даваш колку што си бара, секако најмногу напредуваат кога се најмалечки, понатака ќе намалат секако.
4++ 5720гр Ова е 10 дена од последното мерење. Не сака да цица почесто, вришти се трга ама додавам по 2-3 пати во денот АД.
Советот од педијатарот беше да цица на 2 часа, претходно си цицаше на 2ипол, 3. Пробав да давам на 2 часа, или ќе заспие или едноставно не сака, плука цицка и вришти, после пола саат, саат си цица...
Супер за 10 дена...Јас незнам како да ја научам да пие АД..не напредува и мојата,препорака од педијатар е АД и каши Но и каши одбива А цица на 3-4 часа,никако порано небива,само во полусон цица
Аптамил и даваш нели? Сега во 5ти скок ниту каши сака, ниту цице...ниту спие Страв ми е на вагата да застанам да ја мерам