На слики од дете се гледам, како соленки стапчиња сме со сестра ми, многу слаби а жилави. 15кг во второ одд
Со какво шишенце и имаш давано? Мојот господин несакаше да цица и се префрливме на ад, му земав шишенца со цуцла што е као облик на града, за да му олеснам демек, несакаше/незнаеше да пие од нив,со останатите нема проблем.. Пробај со такво може полесно ќе го прифати ад-то
Не се трудам веќе за АД,не бива и не бива.Вода пие од лажичка,почнавме со кашички,за еден месец ќе воведам кисело млекце и јогурт па се надевам да внесува нешто млечно.
Кај нас е пак иста песна...овошните ги јаде максимум 60 гр..зеленчукова уста не отвара...Моментално е во 5ти скок + заби = лудило
Чим сте почнале со кашички немате гајле, и јас едвај чекам да почнам, не го држи формулата веќе се буни на два саати сака пак да јаде.. а вода и ние од лажичка, едвај по малку, ич несака вода
Пред две три недели бев во Ремедика кај Др. Марина, во очај зошто детево на 9 месеци изгледа како да има 5. Откако ми кажа што се треба да јаде ќерка ми за да качи некој грам, ме праша како сме се развивале јас и сопругот додека сме биле деца ( јас во 1 во одд сум имала 19 кг, маж ми 16 ИПОЛ кг) Значи нема никаков проблем, децава си се совршено здрави, само гените мешаат прсти Ќе јадат кога ќе пораснат
Tочно, кога гледам слики од мене мала слабичка ребра ми се познаваат. Ме бркале по цел ден со лажицата за едно чиниче оброк да изедам со мамење. Сопругот исто, висок слаб исушен како дете, коските му се гледаат на сликите Па еве не сеа за машала сме и двајцата се молиме некако да ослабиме Ќе си пројадат и ќе си пораснат. Мајка ми вика незнам што е оваа нова мода да мора по кило месечно да ставаат. Па педијатри бутаат плус АД ако не напреднале толку. И мојот педијатар за 700 гр вториот месец ми рече малку е. Се јавив на Марина рече одлично. Значи не можат сите бебиња исто да напредуваат. А ја гледам мојава преактивна е веќе скоро ползи на нецели 7 месеци и само се превртува, чепка нешто не знае да седи мирна. Нема шанси да биде дебело бебе на толку активност. Така ми рече и Марина. Не се секирајте, ќе пораснат јаделе-не јаделе.
Родилна тежина - 3 160 гр. Испишана со 2 890 гр. Еден месец - 4 160 гр. Два месеци - 5 300 гр. Три месеци - 5 960 гр.
Да се надоврзам на претходниов коментар. Многу е важно да се внесат повеќе калории, односно маснотии во секојдневната исхрана на бебето. Давам и дополнителни мултивитамини и од вчера почнав да и давам лепче со кисело млеко. Значи престанав да ја ранам, почнав да ја "товам"
Родена 3950гр, 48цм 1 месец 5600гр 56цм 2 месеци 6000 гр 61цм 3 месеци и 5 дена 6910гр 65цм 4 месеци 7470 гр 69цм 5 месеци 7860гр 72цм
родена: 3100гр, 52цм испишана: 2900гр 1м: 4300гр, 59цм 2м: 5280гр, 63цм 3м: 6450гр, 68цм 4м: 7250гр, 70цм 5м: 7850гр, 72цм