Роден 39 недела 3460кг, 50цм. Испишан со 3300кг. На контрола за жолтица, 16 дена стар 3940кг. 1 месец 4920кг.
10 nedeli...5420, 63cm Transporterot kojznae dali do godina ke izdrzi ne pa do godina ipol ko sto go reklamiraa
Мојот на 4 месеци и две недели беше 8.800гр Колку е високо твоето? Машала добро ти напредува со мајчино млеко.
Исто они двајцата си терат не знам не е мерен требаше пред 3 недели кога беме за вакцина ама не го измериа сеа ќе извадам метрото ја дома баш да видам По алишта 80 и 86 носе Добар е машала да , цица кога сака , колку сака , сега почна од скоро по 2-3ч да држе , иначе и на пола саат , саат знаеше да дегустира , затоа ич незнам што да правам дали сега на 5м да почнам со вкусови или да чекам до 6м. Ти кога почна со вкусови на колку ? Он за две недели е 5м.
Транспортерот е точен додека главата е внатре. Кога ке почне да штрчи главата значи дека е мал и треба седиште. Синко е доста висок, па до 10 месеци некаде го користеше, значи до 80 цм го собираше. Што подолго во транспортер, т.е. да е завртен со лицето наназад тоа подобро. Напред треба да гледа откако ке прооди.
Ако напредува добро не брзај со вкусови. Нема ништо подобро од мајчино млеко. Јас почнав по 5 месеци затоа што не гледаше и мљацкаше со уста ама почнаа да му излегуваат заби и јадеше колку да се каже, по неколку лажички. На 5 месеци беше 8500 само од мачино. Ако зборам искрено до 1 година мајчино му беше главна храна, нејадач е и денес на 2 г.
Јас почнав со вкусови со 5 месеци и верувај уште немаме се пробано од вкусовите за 4-5 месеци, а камо нови сега треба од 6м да пробуваме. Ќе полудам, многу долго оди ова пробувањево вкусови Јас сум на ад затоа порано почнав. Препорачано е од 6+ ама нема врска за мене исто е.. Уште немаме целосен оброк воведено. По малку му пробувам. А и не сака и моето плука лом ме прави, само овошје си јади, а ужива во млеко.
Додека да прооди ке е добар. Јас не знам кога почнав да го ставам во седиште, ама да сум со овој памет ке чекав додека да прооди стабилно. На 10 м одеше брзо по мебел, на 11 почна да оди. Клима пуштајте, нема друго чаре. И седиштата се такви. Најбезбедно е во седиште. Гледај видео како летаат при судар ако не се во седиште.
Леле машала,кога ве читам назад неколку страни како ви напредуваат алал да ви е. И мојата е од манекенките 4 месеци 6250 гр 5+ месеци е 6730 ,69 см. Ама не се замарам веќе,крвната слика и е супер,си јаде колку сака и тоа е,не може сите да бидат исти. Си ги најдов мислењата и за првата ќерка од пред шест години во темава,гледам исто напредувале со килажа ,повеќе во должина.
Тоа ми е , он не дека разбира , ама овие денови абе скрос се врте ако го држам и јадам нешто од уста ќе ми изваде мислиш со раце се ми граба. Капки коа му давам шлапка мислиш јаде јадење за спремен ми стое , ама напредува добро и сакам да одолжам , ама некако осеќам ќе попуштам пред 6 ќе биде со ќерка ми почнав пред 5м , јадеше се , се одби на 9м сама од доење и напредуваше убаво до годинка е после тоа почна изведување , до кај 2г јадеше речиси се , па стигнаме до одредени работи , пребирање , дете нејадач до 3 ипол. Со него незн како ќе биде , се надевам нема иста песна пак , оти тешко е мн со дете што прибира. Повеќето се по овошје , зеленчук само маскиран со друго нешто. И јас гледам како ми одг мене и на него сакав од 5м ама како иде времето , умот ми е Се знам нема да чекам и ја ќе почнам од 5+
Јас до 1 година можам да се фалам со килажа. Затоа од 1 година, сега ке полни 2 си има иста килажа, само во висина оди.
Ако почнеш со 5+ немој да му го намалуваш млекото твое, само пробувај му по малку вкусови, така правев јас. По малку пробував а млеко до 6 месеци мора да пие како до сега што пиел.
А тоа секако така ќе сме не намалувам ништо , ако почниме дури воведиме оброк по некоа лажичка наутро ќе е тоа и цел месец може да не фате . Ќе си цица активно во меѓувреме колку сака и до кога сака не ми е пр доењето , лесно цица брзо до сега. Подој подолг од 20м сме немале , и тие ретки биле.
Нека се здрави и живи само,некогаш ќе се поправаат, некогаш ќе слабеат. Големата на две годинки какво топче беше,ама си имаше апетит и дома и во градинка манџи,овошје,само здрава храна,со мерак јадеше,сега пак нешто ми изведува,менуваат многу.
Само на цицка е хахаах.. Цело време само гладен, за 1 сат какат и пак истото хахаа.. Сега додава кг што требаше да ги додава дури беше во стомакот на мама Докторката вика ќе биди дете за пример, толку мало родено а толку брзо напредува