здраво на сите,јас имам едно прашанје до вас.Син ми има 15 дена и не знам дали му е доволно тоа што е само на мајчино млеко?Нон стоп сака да цица,а не го приметувам секогаш да голта.Некогас само мрда со устата,а не голта и не знам дали му е доволно,а мн често му се случува и да заспие цицајќи.А и нема редовна столица кака на 3-4 дена,е денес какаше 2 пати,а последниот пат столицата му беше зеленкаста,можно ли е да е гладен или е преладен само,а инаку е мирен само кога е гладен плаче.
Мојата ќерка е 25 дена Бебињата плачат кога се гладни,мокри и кога евентуално имаат грчеви. Доколку твоето бебе одкако ќе цица се смирува и заспива или не бара да цица барем еден час тоа значи дека е најадено Столицата сеуште не е регулирана и таа може да има или златно-жолта или пак зеленкаста боја (имај во предвид дека цревцата сеуште не се разработени добро). Одкако ќе се нацица провери ја градата дали сеуште има млеко (на тој начин ќе видиш дали е нацицано односно дали е најадено,ако нема почни на крај од подојот да се измолзуваш по малку и така ќе стимулираш повеќе млеко за наредниот пат).Не го оставај да спие на града ,туку кога треба да цица закачај го ако заспива се додека само не ја пушти (цицањето одприлика трае 15тина минути на една града и одкако ќе ја исцица едната понуди му ја другата ).
фала ти за одговорот,ама скоро секогаш заспива на града,и го чепкам и пак спие,а ако му се тргнам плаче,а не цица се приметува.Не знан што да правам не може нон стоп да биде на града он. Многу се нервирам.
Син ми мене додека не наполни 4 месеци по 24 часа ми беше на града ,преку ден во раце,а навечер легнати еден до друг,ама тоа беше прво дете и освен грижата за него немав ништо друго,но сега со второво не можам да си дозволам таков луксуз па затоа правам некој ред. Сеуште е многу мало бебчето ,полека ќе направите ред.
вики , само да си го доиш. ако имаш доволно млеко ( штом викаш дека плаче само кога е гладен значи имаш млеко ) тогаш не ти треба ништо друго. само треба да си упорна со доењето , колку повеќе го доиш толку повеке ке имаш ново млеко. има жени што не се упорни па викаат дека нема млеко и ке почнат да ги хранат со тоа вештачкото.. мајчиното млеко има антитела што ги има само жената ниедно друго млеко неможе да го замени мајчиното. ќерка ми има 9 месеци и се уште ја дојам , фала богу и имам млеко. на бебињата до 6-ти месец им е потребно само млекото потоа се започнува со дохрана , секако ке се се консултираш со педијатар. а за зеленава столица не се секирај и керка ми имаше неколку пати , инаку сум слушнала дека е од глад , ако не е точно поправете ме
Мамички, на 6 месеци колку кг и должина имале вашите деца? Моето на 6м и 4 дена 8300 и 67цм, не е малку? За еден месец само 200гр има качено јас мислам малку дека е, докторот ми вели супер си напредува.
Доста му е мами, не ти треба повеќе... штом има дуплирано родилна тежина, супер е. И не очекувај дека секој месец треба да се поправа по кило, многу ќе му дојде. Во просек деца на година дена имаат 10-12 кг. Па затоа не се мисли многу, сега ќе биде поактивен, повеќе и ќе троши.
Здраво мамички.Јас денес бев на педијатар и замислете бебево мое ич не се поправило за овие 17 дена,многу сум разочарана.Таа др-та ми го ставаше на едната па на др града да види дали имам доволно млеко и имаше многу,додека цицаше од едната од др течеше млеко,ама он нон стоп ми заспива на града кога ке го ставам ,не помага ни штипенје ни кубенје,и ми рече др-та да се обидеме прво со цицанје да видиме дали ке успееме,а ако не да му купам хипп,а иц не сакам да почнеме со вештачко млеко,исто беше и со првото вака се мачевме па му дадов хипп и после вториот месец почна да си цица.Ве молам дајте ми совет како да му помогнам на бебчево а со тоа и на самата себе.Фала ви.
Леле ние уште не сме биле ни на систематски на 9 месеци, ни на педијатар и појма немам колку тежи бебето мое Мислам околу 8кгр (има 9 и пол месеци), ама тоа не е сигурно (ја мерам заедно со мене на вага за да знам колку има...брукиии
Како уште не сте биле на педијатар?? Лелееее ние до сега може едно 7-8 пати бебето има 5 месеци ... пред 10 дена на вакцина на мереа 7900 со 69
Ние денес бевме на контрола и на вакцина и имаме 7800гр а само цица. Малечката има триипол месеци и е буцка.
Moeto bebe e 2,5 meseci i na 2 meseci imase 4000, rodeno e 3200, megutoa na 2 nedeli imase 3100. Samo na majcino mleko e, sum probuvala posle doenje da i davam Hipp ne saka da pie, sto znaci dovolno si se nacicala, Na vakcini me karaa, slabo napreduvala, da ja dojam non stop, probav i taka, i ne cicase kako sto cica koga ja dojam na odredeno vreme, pocna i mlekoto nekako da mi se namaluva i nemav mleko kako koga ja dojam na dva saati. Inaku si spie po cela nok, mirna si e koga i doaga vreme za cicanje togas pocnuva da place. Rasne vo visina 8 cm za 2 meseci Imal li nekoj slicno iskustvo?
Кики, самиот факт што за 2 месеци сте пораснале 8цм ти кажува многу - не може и во тежина и во должина да оди бебето, верувај дека ќе надокнади во тежина наредните месеци, ова од лично искуство ти го кажувам Без нервози, супер сте
Искрено срам ме фаќа да пишувам во темава, за некој ден 5 месеци и имаме 64см и 9370г Ќе морам поупорно да и нудам сокче место млеко, и некако да успеам навечер да ги намалам доењата
^Зошто срам Божица, малата ти е преубава, тупалче мало, пу,пу да ја серат кокошките Ќе почне уште малку да лази, да оди, ќе биде активна ќе се истопи, најважно е да е здрава, другото само по себе ќе си дојде. А за ноќното доење, син ми сам почна да го преспива едното доење, сега е само на едно доење во текот на ноќта, па почнав да го дохранувам. Сите бебиња се различни, мојот е типичен банана бебе, се издолжува а не става многу килажа, има 5 месеци и една недела 7700 и 70см.
Нема ни сокче да и нудиш, ќе бидеш упорна да ја одвикнеш ноќе од цицање. Точно е дека кога ќе стане поактивна, ќе биде поинаку, ама не претерувај ни со сокови ни со млеко. Ни соковите не се здрави, без разлика што се природни, без вишок шеќери - самиот овошен шеќер може да прави проблеми. Инаку дете што нормално напредува, некаде до крајот на третиот месец веќе треба да ја преспива ноќта без да се буди за цицање, затоа што ноќта е за одмор, а не за јадење. Од секоја навика, има и одвика. Кога ќе го кажам ова, сите по мене викаат, фрлаат дрвја и камења, демек јас да сум си го оставела детето гладно, ама тие не можеле, барало. Истото им го велат и доктори, ама ајде де, секој родител си е најпаметен. Е од толку што и јас се правев паметна, сега детето не можам да го одвикнам од ноќно цицање и пречесто будење, а веќе има година и две недели. Си знам за второто здравје Боже, уште првиот месец има да го научам да спие цела ноќ.