Форумџика на годината

Напредување во висина и тежина (од 0-1 год.)

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 17 септември 2011.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Тежина:

    Родилна тежина: 3550 гр
    Излеговме од болница: 3400 гр
    1 месец и 1 недела: 4140 гр

    Ги надминавме проблемите со доењето, за една недела сме напреднале 300 гр. :)
    Мајчино млеко + 50 - 100 мл дохрана!

    Висина:


    Роден: 51 см
    1 месец и 1 недела: 55,5 см
     
    На Agrona, SimonaTino и ddevojce им се допаѓа ова.
  2. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    На 2 дена пред да полниме 5 месеци имаме 8 килограми. :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    4 месеци и 20тина дена и 8кг ..65цм долга :D
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    И ние добро напредуваме :) денешната контрола беше позитивна,напредуваме добро,чекор по чекор близу врсниците сме :)
     
  5. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Родилна 2800гр, 47цм.
    Излеговме со 2660, 47цм
    1 месец 3550, не не мереа должина.
    2 месеци 4100, 54цм
    3 месеци 5500, 59цм.
    4 месеци 6100, 62цм :)
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.520
    Мамички ми треба мислење!
    Сега се вратив од вакцина, но на мојата малечка не и ставија вакцина бидејќи не е вратена на родилната тежина :( . Ја родив 3200 гр, излеговме од болница 3000 гр, и сега после десетина дена сме напреднале само 100гр, односно малава тежи 3100гр.
    Има некој слично искуство, дали имаме сериозен проблем околу напредувањето, колку би требало да напредне едно бебе во рок од десет дена??? :?:
    Загрижена сум, и се плашам дека овој неспокој кој го осеќам уште повеќе ќе ми го отежне доењето на мојата ќерка. :sweat:
    Се тешам дека причините за ова бавно напредување се во тоа што касно добив мелко, па бебушка не заеше да фати града, па имавме крвави брадавици и болно доење... Си велам можеби се ова е причина толку малку да напредне моето бебе.
    Една пријателка акушерка ме советува веднаш да почнам со АД мелко... да послушам или да дадам уште малку време па да видам дали ќе се изарни работава.
    Извинете за долгиот пост, но имав потреба да си кажам, и се надевам дека ќе слушнам мислење од ваша страна
    Убав ден на сите!
     
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Биди упорна со доењето,ништо неможе да го замени мајчиното млеко
    Крвави брадавици се добива од неправилно доење,јас го имав тој проблем,бебето ми беше спанко и го будев за спиење ,ќе ја фатеше градата на врвот ,не цицаше убаво и ми ги разрани
    Ако дадеш ад,помалку ќе цица и ќе ти биде по болно,а и може да се одбие од цуцлата па да фатиш мастит
    За успешно доење, прво ти ќе се наместиш убаво да ти биде удобно,ќе го земеш бебето во раце и ќе видиш како ја фаќа градата,трева целосно да ја лапне и да го слушаш како голта,ако не голта не е добро
    Пелената при секое пресоблакање на 3-4 часа би требало да е полна,а изметот жолт, ако е зелен или е гладно или настинато
    Трпение и упорност,често ставање на гради
    Јас од едната града по 5 мес го изгубив млекото од болка и нервоза ,но другата си имаше доволно и го доев до 1год и 3 месеци
    Ти посакувам среќа,мајчиното млеко е најздраво и ги зближува мама и бебето на посебен начин...
     
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    snegulkata која вакцина треба да ја прими?
    Те прашувам бидејќи БСЖ и хепатит Б се примаат во болница, а наредната е после еден месец од последната примена.
    Во однос на доењето и сите проблеми што ги имаш со градите претпоставувам дека се работи за лоша положба при доењето.
    Еве сликичка како треба да го наместиш бебенцето.
    [​IMG]
    Едната негова рака треба да биде под твојата града, другата над твојата. Ќе се наместиш прво ти во положба која тебе најмногу ти одговара, а потоа и него. Ќе гледаш со долната усна да фати поголем дел од ареолата.
    Ако заспива штипкај го под пазувите, моето така се буди и продолжува да цица. Никако немој да го оставаш да спие кај тебе на града.
    Стави го да цица прво на едната града, а потоа понуди му ја и другата.
    Треба да цица АКТИВНО околу 20 минути. Биди упорна, почетокот е многу тежок, беше и за мене. Немав поим како треба да го дојам, не знаев кога цица а кога си игра со градата.
    Во првите 6 недели кај мајката се развиваат млечните жлезди, имај трпение. Подоцна ќе почнеш да чувствуваш како ти надоаѓа млекце, ќе почнеш да слушаш како голта, ќе знаеш кога повлекува а кога само си шматка.
    Јас плачев и се нервирав зошто се ми беше непознато, но со текот на времето се ќе се среди. Само упорност и не се предавај. Кога и да посака ставај го на града, немој веднаш да почнуваш со адаптирано млеко, тоа е најлесната алтернатива.
    Моето синче во првиот месец имаше напреднато само 440 грама, тоа за мене беше ОГРОМНО разочарување. Почнав и јас со дохрана, му давам два пати на ден по 50 мл млекце. Еднаш пред легнување и уште еднаш кога мислам дека моето не му е доволно. Полека работам на случајот да се вратиме само на мајчиното млеко. Го ставам на града секогаш кога тоа ќе го посака и го оставам да цица колку сака. да знаеш дека колку почесто го ставаш на града, толку повеќе млекце ќе ти се создава. Со ова темпо ние за месец и една недела напреднавме + 300 грама.

    Можеш да пробаш и ти така ако сакаш (иако мислам дека е рано и дека треба да бидеш упорна) но немој да му го скратиш мајчиното млеко, зошто ниту едно друго млекце не е соодветна замена за мајчиното. Ниту едно друго млекце не е толку хранливо колку што е мајчиното.
    И никако немој да му го даваш млекцето со шишенце, пробај со лажичка или шприц.
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.520
    Ви благодарам мамици на подршката :) , се разбира дека не ми е во план да го прекинам мајчиното млеко, упорност до крај и се надвам ќе успееме.
    Инаку да, имавме многу проблеми околу доенњето но делумно ги одминавме. Бебето лошо фаќаше, па спиеше, па не знаев да проценам дали воопшто цица или само си се лигавка на граата, јас немав мелко и бев неискусна...така да овие десетина дена беа живо мачење кога е во прашање доењето и за мене и за бебето. Повеќе не ме болат градите додека бебето цица, а тоа ми е најдобар знак дека убаво ја фатило градата. Мислев дека сме на добар пат, но ова денес ми беше разочарување... Мислев дека доволно цица, а тоа кутрото само 100 гр напреднало. Сега со нови сили и волја планирам уште поактивно да се доиме... Ќе пишам што сме направиле. Поздрав мамици!!!
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    765
    синчетомое се роди 3100 излеговме од болница 2920
    кога отидов на две недели од рајѓање ја немаше вретенони родилната тежина беше 3090 грама не ми рекоја за дохрана само ми рече дека е малку тоа за две недели и ме натераја да го надојам детето таму за да видат колку млеко исцицва на подој требало негде околу 70 мл синко тогаш исцица 65 мл
    по една недела на контрола имавме повејке кацено на тежина и секоја нардна контрола си напредуваше добро сега сме 3 и пол месеци и тежиме 5800 грама и 12 сантими сме порастени :rofl:
     
  11. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.520
    Се надевам и кај нас наредната недела ќе има добар резултат... Денес цел ден тоа правам,само се доиме :$ . Сега гледам и градите веке ми се меки, може и немам доволно млеко пошто цело време цица... Гладна била кутрата, затоа ми плачеше толку, ;(
    Ќе се потрудам уште повеќе па дај Боже и јас да се пофалам во скоро време со неколку грама повеќе...


    И мамици уште ова сакав да ве прашам... Нешто не ми е јасно, нели ако бебето не цица добро нема да го полни памперсот со мочки и кака :?: :?: :?: А кај нас постојано е полн со златно жолта кака и секогаш е тежок... По тоа се ориентирав, мислев тоа е еден од показателите дека добро ни оди...
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.636
    Пол:
    Женски

    snegulkata , мора да се обидуваш , не постои млеко како мајчиното , тешко е ,ама ќе се навикнете , убаво е бебето барем 6 месеца да се дои,а за каката таква треба да е , штом си мочка си кака тогаш немаш никаков проблем
     
  13. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    И ние имаме некој проблем мада не тешат дека е се во ред мојот бебушко има скоро 7 месеци а тежи скоро 7 кг. Само кравјо млеко пие ретко каши вкусува од манџите што ги јадеме испасирани понекогаш сака но освен сирење и млеко ништо др не сака ... Месо мн ретко ууф имал некој ваква мака и како поминало тоа.
     
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски


    После два месеци сме 5110, значи кило сме качиле, без некој грам:)
     
  15. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Имам пишано на друга тема.. на времето кога нерви изгубив и сеа ми е се рамно и со нишо не се замарам. :D И тогаш реков дека ќе се смеам на овој проблем.. и се смеам денес. :D

    Со кравјо млеко според мене сте почнале многу рано. Ние сме уште на адаптирано и така ќе тераме до година. Мојот бебуш па едно 3 месеци имаше иста тежина 10 и 100. Каши освен оние од хипп ништо друго не сакаше да јаде. ПОчнавме со тие од хипп на четири месеци и освен тие три четири вкуса друго ништо не сакаше в уста да стави. Се имам отепано од готвење и од фрлање храна и џабе беше се. На осум месеци дури кога рече јади детето да ти е милина да ја гледаш. Преку ноќ се разјаде и сега јади што и да и ставиш пред нејзе. Јас и ставам по малку сол, шеќер и путерче за вкус бидејќи немаат никаков вкус јадењата нејзини а знам дека до 5гр е дозволено да му ставаш колку за вкус. Пробај така.. еве мојата веќе месец дена јади со сол и шеќер и фала богу супер си е. Па од 10 и 100 на последната контрола 10,950 беше. :D
     
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.520
    И сега да си се надоврзам на муабетов ;)
    Минатаа недела за десетина дена ставивме само 100грама, ама имавме проблем со цицењето... За среќа го надминавме проблемот, оваа недела си цица и денес бевме на вакцина... Ја мерија малава моја и сега е 3500грама, за една недела 400 грама... Ова е одлично нели??? :) Има ефект што по цело време е на градата и сака да цица?
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    сега на 5ипол месеци имаме 6,6 кг и висина 64 см
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Родилна тежина 4050 гр 58цм.
    На месец 4810гр
    На месец+17дена е 5240гр 61.5цм
     
  19. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    61
    4 месеци -7.700 гр / 63 цм
     
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Два месеци: 4.900 гр. :)