Медицинската сестра што ни ги води контролите вели дека "бавно" напредува, во смисла го качува минимумот од просекот. Но и изгледа на здраво право бебе и се додека напредува а не намалува на килажа, весела е, си игра, нема простор за грижење. Јас решив да и верувам и веќе одамна не и се замарам за килажата. Вас што ви викаат на контролите?
Па прв пат вака да не качи ни грам за месец дена. Ништо не ми искоментира докторката, крвната слика беше добра. Весела е, јаде колку што ќе јаде, не ѝ давам со сила, игра, многу е активна и кака по 2 пати во денот. Гладна нема шанси да е зошто нон стоп ѝ нудам или јадење или да цица. Таков ѝ е организмот веројатно незнам што да речам. Она повеќе од 800гр нема качено месечно и тоа беше само првиот месец, после по околу 600-700 гр качуваше до 4ти месец, после и по помалку. Оброк јаде од 150-200гр, 3 оброци има некогаш и ужинка ѝ давам
Родена- 3520гр, 50см; Испишана- 3440гр 1 м -4500 и 54,6см 2 м - 5600гр 3 м -6600гр 4 м- 7400гр и 59 см 5 м- 8000гр 6 м- 8300гр и 73см 7 м- 8600гр 8 м- 8900гр 9 м- 9500гр 10 м- 9500гр 11 м- 9100гр (заби,7ми скок и нејадење) Денес на 11 ипол месеци - 9400гр Незнам висина, не сум ја мерела. Нема да триплира на годинка, ама да е здрава и жива. Се одјавуваме од овде, се надевам не за долго
Ова до генерацијата е изгледа.. скоро па исто напредуваат.. за кратко и јас ќе се одјавам од темава, ама со иста желба како тебе - брзо да се вратиме
Оо па вие добри сте. Ние уште мака мачиме со количината, ретко да изеде повеќе од 100гр. Гладна и ја мислам не е, јаде колку и се јаде. Цица често во последно време... плус вирус со температура ја фати пред една недела, само на цицање беше, како новороденче. Активна е од бебе не е допрена со движење, сега почна да се исправа по мебел, очи не можам да тргнам од неа... има појадок, ручек, вечерата некој пат јаде некој не, и овошје нудаѓм понекогаш меѓу оброци. Инаку слично како вас, првиот месе качи 1кг, секој нареден 500-600гр. 7 и 8 качи 250гр по месец, значи 500гр за два месеца... Да се живи и здрави, нз шо да речам друго.
Шест месеци и една недела 7 850 гр. Почна веќе помалку да качува, важно да напредува. Инаку едвај ја измеривме, ни секунда не сака на грб.
Роден 3600гр и 50цм долг Веќе 1 година направивме и тежи 11кг и 500гр и 80цм долг. Толку од нас се одјавуваме од тука
Роден 3550гр, 51цм На испис 3410гр 10 дена 3910гр, 53,5цм 20 дена 4470гр. 25 дена 4910гр, 59цм 2 месеци 6150гр, 62,5цм 3 месеци (без 2 дена) 7015гр, 63,5цм 4+ 7900гр, 68цм
И ние ќе се одјавиме од темата, за 2 дена имаме роденден. Родена 3050гр. 49цм Сега 1000гр. Должина немаме мерено, би требало да е +- 80цм според последните параметри.