Машала ви завидувам, пупу колку добро ви напредуваат. Мене нерви ќе ми откорне моја цуца. Десет месеци 9,200 гр. Сега на недела пред 11 месеци 8,900 гр.Ништо не јаде и настинки се собраа. Многу ми е криво што падна на килажа.
Дали има некоја мајка што бебето на 4 месеци имало 5кг? Моето сега на 8ми ќе праи 4 месеци и има точно 5кг, педијатарот ми вика топ си е све, пие и повеќе ад од што треба во 24ч, гени се во прашање, расте во должина повеќе (родено е 51см, сега е 64см, демек на татко му е слаб и над 2 метра). Ама луѓево околу мене упорно ме убедуваат дека бебето ми е слабо, дека треба да пие повеќе млеко и ми се смачи више да слушам све и свашта, педијатарот чим вика дека е океј стварно не знам што повеќе.
3.550 се роди, отпусна 3.330, ама во првите 3 недели падна до 3.100 па затоа почнав со ад. И крвна слика е супер и здраво си е бебето.
Ќерка ми на 4 м беше 5330, на 5м 5660, исто 65см. Јас и маж ми сме слаби двајцата. 3050 е родена инаку. Ама вака да ја видиш живец не запира. Сите milestones, и се предвреме. Педијатарот нејзин вика голема работа што е слаба, битно јака е многу, ќе биде манекенка. Не се замарај, ќе почнете со храна набрзо.Ние почнавме кашички сега, збеснува по банани, само тоа бута, ја осеќам дека е поправена асално сега.
Родилна 3160гр отпис од болница 2910гр 48см после 4 дена ја мереа и падна на 2770гр. 25 дена - 3270гр 51,3 см (само +360гр од отпис) 1 месец и 25 дена - 4400гр 56,5 см. Кило ипол се на се за скоро 2 месеци ама вториов месец 1кг и 100гр. Не сум во Македонија и интересно е што ни за првиот месец воопшто не кренаа паника. Ставот им беше, штом има прогрес, розева е весела и здрава нема простор за грижи.
Така треба, нас не испаничија првите две недели(додуша поише мм) бидејќи ја немаше вратено родилната килажа, втората недела не испратија со ливче какво ад да купиме, среќа се карав со сите и не дадов па еве ја на 3 месеци на екслузивно доење 6 и 200. Мн брзо ивде децата на ад ги ставаат.
Bitno e da se zsravi,a ke si napreduvaat koga pomalku,koga poveke...prstite na racete ne ni se ednakvi pa taka i nashite bebinja i poslabichki i podebelki ima Te razbiram kako ti e so toa zboruvanje slabo e,jas duri plachev od shto me pogiduvaa nivnite zborovi ama budala sum bila.
Се роди 3140, Сега на 7+++ беше 10кг,а на 6+++ 9 300гр. Др ми кажа супер е, здраво е, пиеме ад и од 4+ сме на каши, јаде редовно 2 оброка, пие вода, 3 сакам да му воведам и треба ама доцна ми доаѓа, само 2 пати има вечера о. . Супер е. Да се здрави и живи и др не е важно. Гушки и без нервози мајки. Килажите се само бројки. Важно да се здрави!
Фала ти ептен Само ме нервираат такви коментари од страна ама морам да се помирам, луѓе се, нек си прозборат
Исто и јас, поготово првите месец-два, кога одвај качуваше килажа и се мачев со доењето и се форсирав и нервирав, па уште и од страна такви притисоци, ужас. Најважно е да се здрави и најадени, па сите се различни. Нека биде манекен на татко му, не мора буцко како мајка му.
Мојата керќичка на 4 месеци беше 5 кг и 200 гр, родилна 2950 гр. На секое одење во советувалиште слушав, слабо напредува вашето бебе вклучете ад за дохрана и на секое излегување од таму купував ад млека кои завршуваа дел во ѓубре дел во мијалник оти мојата керќа не ги пијаше, ќе тргнеше една голтка ќе исплукаше и толку беше. Многу нервози си ставав искрено и на секое се осеќав како мајка која неуспешно го храни своето бебе. Мојата керќа сега има 3 години и сеуште така слабо јади, од се по малце и е права манакенка. Сега имам второ бебе родено 2700 и на два месеци беше 5250гр исто е само на доење, самото бебе е полакомо повеќе цица, често и се прецицва и повраќа вишокот. Поентата ми е јас сум истата и за двете деца ама тие се различни. Така да мајка не се секирај битно си напредва бебе а и педијатарот ете ти вели во ред е се, немаш причина за грижа.
Ве читам мајки пишувате на два месеци 5 кг малку кг било. Значи во однос на родилната килажа на 6 месеци треба да е дуплирана па потоа тридупла. Тоа е здраво бебе . А не по табела. Првото дете ми се роди 2715 на 6 месеци беше 6 500 кг. Се трудев многу и еве и ден денес слабо јади. Многу педијатри ми рекоја дека е одличен бидеќи ја дуплирал килажата и дури и повеќе.
Фала ти мајка за споделеното искуство. Не пишав дека е малку туку прашав дали има бебиња што на 4 месеци имаат 5кг. Педијатарот вика дека е океј, ама сакав да видам слични искуства зошто сите ми праат притисоци од страна и ми се смачи. Вклучувајќи ги и во јане сандански кога бевме на вакцина, не дадоа да ја прими шестовалентната дека треба бебето да биде минимум 5кг и ме нападнаа со муабети дека детето сигурно ти е гладно, сигурно има зелена столица, да не е неухрането... и може да замислиш како се осетив.
Исто како мојата. На годинка беше околу 8кг, родена 3030, сега е 15 месеци за некој ден и тежи околу 8600 (на домашна вага ја мерам) Јаде некогаш и повеќе од мене, и не се грижам воопшто зошто премногу е активна, само трча и сегде се качува а и ситничка си растеше и има брз метаболизам. Важно си е здрава.