Не можеме се грешка, толку е. Знам дека е малку повеќе од бато што беше. Се роди 53 сме, на еден месец 60 беше, на два 67, после на 6 беше 78. Го мереа на вакцини детето а и големо е. Перниците се по 70 цм, кога ќе го легнам до неа се приметува. И не изгледа како бебе има 5 запчиња веќе. Сега спие утре ќе го сликам да го видите.
Хаха голем човек. Не му се секирај чим си има на килажа, малечко е уште, ќе се разјаде. Седнувај го почесто со батко му заедно да јадат, да го гледа.
Постојано јадеме заедно сите, ама не сака бебе да јаде со лажица. А гледа леб и се посета по него и полни уста. Докторката пред татко му ми рече да не му давам леб дека ќе се задавел, и сега не смеам да му дадам пред него. И баш напротив, дека е поголем нели треба повеќе да јаде?
Абе мајка, нели ти е второ? Ти како да си заборавила. Јас од мало му давав леб, не дека ќе го јаде, туку за да се учи на текстури, да го валка низ уста, да се учи да џвака итн. До сега се нема задавено. Му се лепеше горе на непцето кога беше мал, ама ќе му го тргнам и нема шо да се плашам. А да пробаш да му даваш парченца, со рака? Варена тиква, компирче, јаболче, крувче, банана исечкана. И штом велиш има запчиња, ќе се учи да грицка, да џвака.
Абе и кога ќе му дадам леб го џвака, го врти со јазичето. Ама немам време. Наутро како станувам, до вц не сум стигнала и се будат и двајцата. Па да го средам бато, па бебе, за бато појадок мора нешто дома да се готви, и кога ќе му сварам на бебе? И навечер не смеам да мрднам, станам ли става и бебе. Некако многу ми е хаос се, полесно ми беше со едно дете. Многу си го сакам ама не знам до кога ќе издржам.
6 месечен пресек Роден: 03.06.2022, 4200гр., 51цм. Испис: 3900 гр. 2 месец, 07.07.2022 - 6230гр., 59,5цм. 3/5 месец, 22.08.2022 - 7910гр., 64цм. 6 месец, 04.01.2023 - 9310гр. 71цм. *До 3 месец доаѓаше бабица секоја недела да го измери, ги немам нејзините мерки.
За тоа колку е голем само бутки беше и нив ги губи веќе како станува активен ги снемува засечоците. Единствено дебело на него се прстињата. Фала ти На сите да ни се живи и здрави и да им се радуваме само.
И моево е на тој пат, среќа па не бара во раце. Помина третиот скок и се надевам ќе се активира малку со вежбање