Колку е родилна тежина? Не е малку таман си е. Гледаш 71цм ,напредува повеќе во должина. Супер си е. Да не сакаш да има 10кг? И тоа не е убаво. Мојата е 6+ сега не знам колку има последно имаше околу 7кг. И секаде каде одам на прегледи според табелите според родилна тежина и моменталната за месеците е таман. Без навреда кон други членки зборувам за себе јас не сакам толку големо бебе. Пример колку мојата а имаат 10,11 кг. Ни слабо многу не е убаво ама и толку лично мене не ми се допаѓа.
Ама тоа не е со сакање... природа е тоа, колку ќе напредува-толку, кај некоја членка повеќе, кај некоја помалку.
3кг е роден, 50 цм, само цица, ама се роди 37 недела и од старт е анемичен, цело време давам капки за анемија и уште е на долна граница хб, првото синче на 6м бил 72 цм 8700 тежок баш читав вчера што сум запишала во радосници, ама он е терминско бебе роден 3620г.
Знам дека е природа. Тие што се на доење ок. Ама тие што се на ад и не се придржуваат до правилата(не зборам за сите) пошто тоа млеко не може одма да се свари е претерано има многу мои познанички на ад им се бебињата и нон стоп само им даваат шише. И еднаш како будала и јас прашав зошто толку често бебето не плаче само за јадење. Ми дадоа одговор а што има врска и ти доиш кога сакаш. И нормално тие и да немаат таква генетика ќе станат такви што мене лично не ми се допаѓа кажав свој став. Сепак некои помали некои поголеми битно живи и здрави да се само тоа е најбитно.
Супер напредува. Веќе ја има дуплирано родилната. Хемоглобинот ќе се среди со тек на времето. Ако бебчето ти е весело, си игра, полни пелени ич да не му се секираш.
А што ако не триплира на година? Мојата ја дуплира родилната тежина на четири и пол месеци и после тоа застој има со килажа, т.е многу малку клава. Сега последно за 50тина дена имаше ставено околу 250 грама. На советувалиште не беа загрижени ама има 8150 грама а е веќе 9 и пол месеци. Родена е 3300 и нема шанси за овие месеци да стави до 9900.
И јас мислев така ама сега видов дека не сум била во право. Второто е на ад, спие цела ноќ без да се разбуди за млеко, преку ден не може да го допие секое шише, некогаш само пола и пак си напредува. Првото на доење (нонстоп на цицка) само првите месеци беше буце ама многу мал почна со вртење, со лазење, исправање, еве го скоро 3 год не седнува. Кашички еден период јадеше големо пластично од нутри булет што мислам дека е 400гр На година беше 10кг, никогаш не успеа да се здебели ( не ни сакав). И јас вака како тебе зборев, а и некако ‘послабичко’ дете ми изгледа поздраво ама ете Не ја пие потребната количина и пак напредува, едноставно немаш контрола. Сакав да почнам полека со вкусови за да исфрлам едно шише ама ниедна докторка не се согласи.
Роден: 3400гр/51цм Испис: 3290гр 1 месец: 4290гр/58цм Месец ипол: 4900гр 2 месеци: 5430гр/63цм 3+ месеци: 6910гр/67цм 4 ипол месеци: 8350гр/71цм
Во твојот случај ете сама кажуваш сакаш да исфрлиш шише и слично. А некои има коментари од типот еее моето е толку и толку месеци и има 10кг а твоето? Како да се фалат. А според мене претерана е таа тежина. Ама друго е кога не можеш да контролираш а друго е да му туткаш нон стоп ад. Според мене не е во ред. Живи и здрави да ти се двете некои послаби некои подебели
Да, се согласувам како фалење е. Мене свекрвата за сите деца во маало ми збореше ‘ова е 12кг, тоа е 15кг’, а моето си јадеше буквално се, три главни оброци и две ужини ама на вагата не идеше нагоре. Јас бев пресреќна како напредува, здрави оброци, активно дете ама не задоволував други критериуми Нека се живи и здрави, еве второто е скроз друга приказна пишав погоре, мрзливо и буце. Не е дебело, вака не изгледа како огромно бебе ама според килажата е дебело. Мајка ми ме кара кога зборам вака, не се викало за бебе дебело ама реалноста е таа
Родена 2800 48см Испис 2610 За 1 месец 3300 54цм Првиот месец качи само 700 грама матичен вели во ред е. На ад сме давам по 90/105мл кога како сака, и плус цица немам многу млеко колку е толку. Давам аптамил 1, а има и многу грчеви и кога и се најинтезивни многу повраќа некогаш млазови дури а некогаш како погусти парченца. Матичен исто вели добро е напредната нема место за паника. За повраќање ми вели да ја држам повеќе време исправена дека ќе се среди. Има ли место за паника ја мерам секоја недела и првата недела во вториот месец имаше качено 150 грама, за понатаму ќе видеме. Што мислете вие се соочила ли некоја мајка вака да барам ли друго мислење да менувам ли млеко?