Родилна тежина: 3060 гр Испис: 2920 1 месец: 3820 2 месец: 4620 На доење е и навечер по едно шишенце адаптирано.. ми влезе мисла да не е малку, дали да зголемам дохрана Некој со слично искуство?
Во просек од испис напредува по 850 грама, мојата нешто слично беше само на доење и ок беше според докторите. Пак прашај ама таман си е, си зависи од дете до дете.
1месец и 22дена - 5600гр. мерен дома. Виси на цице син на мајка. Должина не сме мереле Ќе пробам утре да го измерам. И мојот првиот таков манекен. На година беше 7,5 кг. Еве го 5,5 години околу 15 кг, ама жив, здрав, пргав.
За еден месец има ставено 750 грама. Ова од тежината на испис бидејќи околу 200 грама изгуби во болница. Како за прематурно бебе педијатарот вика дека е супер. Должина не знам, ниеднаш немаат измерено на прегледите.
Доволно ли е бебе да непредува само 740 грама првиот месец? Роден си е регуларно во 38ма недела, ама во текот на бременоста си имав проблеми, помал беше за 2 недели цело време. Испуштени сме од болница со 2540 грама, сега после еден месец сме 3280грама. Цело време си цицаме. Од друга страна 3цм е извишен за 30 дена. Како би можела да предизвикам да качува повеќе на килажа?
Е да е жива и здрава И мојата тешко дека ќе триплира. Мојата слабо напредуваше 2,3 месец имаше ковид и слабо цицаше. Сега качила за 2 месеца 1.250 (7и8м), има три оброка, јаде ок. Ако продолжи вака може и ќе биде Матичната рече дека да не се секирам ,дека си е супер , жилава и цврста. Така да…. таква сум била јас, ваљда генетика. Син ми друга песна беше @Erika.greeneyes леле кумашинкава моја Нон стоп нуди шише. Детево е 7м. 11кг. Огромна глава има Не личи и тоа бе. Оно го бута шишето она упорно дава. Ко мода некоја стана дебели деца Дури седевме 2 часа кај нив само и го подгреваше и нудеше.
Родена е 2470, при испис 2380, 46 цм. 1 месец 3200,48 цм 2 месец 4270, 52 цм 3 месец 4900, 58 цм Последниот месец качила само 600 грама. Според педиатар ок е. Да продужиме со доење. После 4ти месец да сме почнале со вкусови. Не е малку рано? Месецов ми протестираше со глад. Мислам дека беше во трет скок во развој па преку ден многу слабо цицаше, со лажење, со плачење. Цела недела. Навечер си цицаше нормално. Сепак загрижена сум дека малку качила,ама повише пораснала во висина. Дали има начин да ја натерам да цица повише? Цицне колку сака затвора уста и готово. Се тегне да ја кренам . Вака весела си е и речиси никогаш не плаче за цицање. И нудам јас, кога е гладна прифаќа, кога не е плаче и се тегне не сака да цица
Ќути ги има многу такви. Лично сум видела и јас. Остај мода па и фалење тераат. А што е тука за фалење. Подоцна може да си имаат проблем со килажа. А кога ќе пораснат никој не сака да биде дебел. Инску Кога ми зборат така му доаѓа како индиректно да сакаат да ми кажат еј ќерка ти слаба е. Ама ќерка ми е многу активна и троши многу енергија иначе си цица од старт лакомо. Сега и си јаде. Весело, насмеано бебе полни пелени. Една минута не мирува. Многу е цврста. Секаде ми ја фалат дека била права амазонка. Искрено живи и здрави нека се тоа е најбитно
На ден треба по 25гр да напредуваат така што 740 кога ќе го поделиш со 30 му доаѓа 24,6 значи во ред е.
Супер е, си ја има дуплирано килажата. А и штом докторот го прегледал и кажал ок, немаш причина за загриженост. Сите се различни, не споредувај многу
@eli25 @Erika.greeneyes don't call me out like this 7+ e, 11600/75 цм Значи никако не можам да скратам подои, единствено кашички му давам по пола на оброк, два оброка има. Пробано и со цела тегличка, во надеж дека ќе исфрли подој ама јок. Обавезно си цица кога заспива, и плус што ќе цицне малку за презаспивање. Не знам како да намалувам подои. Вака активен е, седи на под, ама мора да си покрај него да го гледаш.