Мајки нешто почнав да се загрижувам... Бебе родено 3060, пуштено 2750, 49 цм На 4 месеци го мереа 5800 63цм Сега на 5месеци го мерат пак 6150 пак 63цм. Дали е можно ниеден сантим да не е издолжен? Погрешно мерат? Застој во развој?
Погрешно мерат! Измери си го сама дома, и на 3 места да го однесеш различно ќе ти измерат, додека детето е весело и си јаде немаш никаква причина за паника
Здраво мамички! Бебе има 4 месеци , цица, до сега супер качуваше килажа, но на последната контрола имаше качено само 200гр. Докторот рече дека не е ништо страшно со оглед на тоа што е родено 2800гр. Бебе убаво цица , но чувствувам дека повторно е гладен. Почнав сега и да се испумпувам и да му давам со шишенце за точно да знам колку е најаден. Докторот ми рече дека може да воведеме и дохрана плус за да накачува килажа. Дали некоја од вас имала вакво искуство? Мајчино млеко + дохрана?
Почесто давај му да цица и за месец дена ќе си почнете со оброци. Со првото синче бевме на мајчино и плус АД и според мене жива глупост, млеко имаш онолку колку што бебе ќе бара. Со второто дете ова многу добро го сватив, повеќе јади месо за да ти биде похранливо млекото и ако ти расте во висина нема зашто да се секираш
Мајки, моето внуче има 7 месеци и има 6кг и 200гр. Ништо несака да јаде, со сила ... одвај цица и тоа пред да заспива иначе не. Не напредува како што треба во тежината..малечко е. Некој совет?
6 месечен пресек Роден: 03.07.2022, 4200гр., 51цм. Испис: 3900 гр. 2 месец, 02.08.2022 - 6230гр., 59,5цм. 4 месец, 22.09.2022 - 7910гр., 64цм. 6 месец, 04.01.2023 - 9310гр. 71цм. *До 3 месец доаѓаше бабица секоја недела да го измери, ги немам нејзините мерки. ———— *сум ги утнала датумите за цел месец порано во претходното мислење, тука е исправено. 6 месеци подоцна, главна контрола за развојот во првата година. -12 месеци, 26.06.2023 - 1050 гр; 80 цм. На почеток ставаше многу и како растеше и стануваше повеќе подвижен се помалку. Сега е маникен на мама. За 6 месеци иако не ставил ни цело кило, земено се во предвид е супер. Чисто да не се секираат новите мами. Секое бебе си е различно и различно става, да не се оптеретуваат со бројки. Јас се одјавувам од темава и ве чекам кај децата.