Мочкани пелени се значително редуцирани, препишував на топлото време. Какани дневно има една сигурно, а може и 2-4. Е сега и количината на каканите ми се промени некако... За плачење не плачи, расположен е, интерес за храна слабо, се молиме. Имам вага дома и го мерам и веќе некое време забушава. Мислев нормално да не е за возраста да успорува качувањево (3м. и нешто повеќе од две недели), ама изгледа рано е уште за тоа.
Мислев помало е. Нормално е да успорува, чисто како за пример, мојот за 1 месец и 10 дена (од 3ти месец до 4+) качил 700гр., а беше буце тој период.
Родена 3900 51 цм исписна 3650 падна на 3540 првата недела дома поради жолтица На месец ипол 5100 60цм
@DaisyDoo @Skyler син ми од втор до трет месец качи 710гр. Јас мислев дека е малку, ама докторката ми вика дека дури имал малку повеќе од што треба качено, според некоја скала. Очигледно се менуваат критериумите како што растат, а и секое дете нема исто темпо.
Крива на раст следат педијатрите. Има и апликации ако ти се замара. Јас ја имам Child growth tracker Внесуваш тежина, должина, обем на глава и ти покажува каде е на кривата за секоја од мерките.
Јас очигледно нема да имам буце бебе никогаш. И ова е долна граница ама здраво изгледа. На 6ипол месеци беше 7200 со 68цм. Роден е 2800 со 49цм. Цица, јаде, спие, мочка, кака, се нормално, ама во газот има пропелерче.
Па ти мајка немаш простор за грижи, не е можеби буце но не ни гревче. Ете, не сум видела у живо бебе буце А од моите па ич Едното близначе на годинка беше 8500, другото 9500 Али мали ги родив по 2200. Матичната ми рече топ се. Фала му на господ здрави живи се, мали не мали за сега, Али искрено па и не се надевам дека два метра ќе пораснат до родители од мери и желба за растење. И не, не се помири едното што несака да јаде. И да секој ден оно нерви ми јача....
Ладам каши во фрижидер, ма во замрзнувач ако треба, скроз ладни да се. Бута 200гр ко ништо. Топла каша никако, еве го 3 дена како јаде ладни каши и гајле нема, спие поубаво, помалку цица а не претходно јадеше едвај по 100гр и после одма цицка.