Оти аклот ми поматија педијатриве. Пред вакцинирање го измерија 6600, да сум минусирала 70г оти тетра пеленка имаше послано на вагата. Толку тежела таа . Башка што ме советуваше да почнам со вкусови оти млеково не стасувало веќе му требало многу повеќе, во интензивен раст сме биле.
Ако ти е мисла, побарај уште едно мислење. Ама мислам дека си е супер. Не може исто да качува како на почетокот. Сега гледам поголемото на 4 месеци имало 6220, качил околу 600 gr за еден месец.
Веќе ја консултирав матичната, оваа педијатарка многу лош впечаток ми остави, попарена излегов. Глава не држел, малку Д витамин пиел, не истражувал околина, килажа слабо. Не ми е проблем воопшто АД да воведам (ако се јави потреба), ама за жива глава ништо гумено ни пластично в уста не сака. Гаг рефлекс има од шише, цуцла. Како би се навикнале јас не знам. Што прогуглав набрзина, во нормален ранг за 4ти месец е од 4.5 до 8.5 кг, така да океј е. А и матичната ми потенцираше дека веќе просечно надавање е од 500-800гр, вели и 400гр е прифатливо. На неа бар ѝ верувам.
Некои педијатри се бог да чува, посебно во диспанзерите. На третите вакцини на околу 9м толку се занесе докторката што да ми беше прво дете ќе бев презагрижена, ќе барав уште 3 мислења. Прво прашање: дали прави галама дома? Викам не Реално не прави галама, се смее, си подвикнува ама не е гласно дете, премирен е. Загрижена фаца Второ прашање: Дали се исправа на мебел? Не. Пак загрижена фаца. А ти му помагаш ли? Не. Ама како така, па мораш да го вежбаш, да го држиш на нозе да зацврсти бла бла. Викам јас ништо од тоа не сум правела со првото дете, па ене го оди сопри го. Трето: Аууу фонтанелата, што вака толку отворена, сигурно не даваш доволно Д витамин (му давам 2000ие). И кажувам и на првото дете му се затвори на 2г и 4м. Пак загрижена. Четврто: Дали вика мама, тато, баба, дедо Втф, не. Вика мама или ам ам кога сака да јаде, толку. И тука имаш: Слушај, јас сум многу загрижена за детето, мораш ти повеќе да работиш со него, да му помагаш. Ми покажа што се треба да правам и за 1 месец кај неа на контрола. И нема везе, поминува една недела нормално јас не го чепкам детето вежби некакви да му правам, почнува да лази на четири, да се исправа, бара парчиња да јаде. Инаку, се беше во ред со син ми, се врти на име, следи со поглед, реагира на звук ама ете докторкава сакаше и муабет да си направат и да прооди на 10 месеци изгледа
Кај нас пак со други коментари. -Многу напредува, не треба олку, женско е не го форсирајте да седи, нека си лежи. Еве баш не ми е јасно како дете од 6+++ месеци ќе го додржам да лежи по цел ден.
Муабетов бе. Сака да каже дека секое дете што и дошло во амбуланта баш лекцијашки се развивало, па исклучоците и отстапките се алармантни? На твое место побелена во глава би излегла како неискусна мајка на едно дете. Бог да чува. Еве и јас учам за вакви педијатри на потешкиот начин.
6 месеци и 1 недела - 8150, ама во должина пушти многу 72цм. Малку се загрижив, ама матичната не ми личеше загрижена па решив да не се замарам, битно расте, полни пелени и весел е
4 месеци 5850гр. 64цм Јас мислам дека малку има качено, ама докторката воопшто не се загрижи, напротив рече дека супер си напредува да продолжиме така. Повеќе е издолжен месецов па може ради тоа нема грамажа многу. Весел си е, не плаче и си полни пелени, што знам…
Јас штом доктор не се загрижува, не си барам причина за грижа понатаму. И сега сум свесна дека слабо ќе качи до наредна контрола зошто уште асално не можеме да воведеме оброк, а млекото се гледа дека не му стига (порано се нацицуваше од една за максимум 10 минути, сега скоро секогаш му ги нудам двете и од двете цица). Ама здравје да пројде одморот малку повеќе ќе исфорсирам да воведам и ручек, а и секако во подготовки за работа ќе воведам ад за измеѓу оброците (замена додека сум на работа). Во меѓувреме форсирам набрзина да воведам што повеќе намирници, особено житарки, месо и млечни. Се додека се весели и здрави за друго не се замарам.
Да, во право си. Докторката не беше ич загрижена, напротив. Ја прашав да не случајно треба да почнам порано со дохрана зошто планирав да не почнувам со вкусови барем додека не наполни 5 месеци. Ама она ми рече да биде на ексклузивно доење до шест месеци, дека нема потреба од брзање со храна.
@0ли Како ти се чини табелава. Од тоа што читав во граници е, ама ме јаде црв дур да го однесам на уште едно мислење.
Не сум повикана ама пред да одиш на мислење кај педијатар стапи во контакт со наташа(доење со љубов) сигурно ќе ти пронајди некое решение, таман додека одиш кај педијатарот.
Според ова се спушти на втората крива под својата крива на раст? Генерално, килажата е океј, но малку качило за 1 месец. Колку што ми текнува, во скок беше, а ти и проблем имаше со брадавиците, па можеби се собрало сè. Знам дека можеби не треба да се опседнува човек со мерење, но јас би продолжила со доење и би го мерела самата еднаш неделно чисто да видам како ни оди. Дали цица ноќе? Дали го слушаш да голта?